Pret a city: д-р мед.сци Габриела Копачева Барсова

„ Мислам дека никој не е роден со стил. Погледнете само колку славни личности имаат се, ама немаат стил, или пак го копираат стилот на некој друг. Стилот се гради, се доградува, доработува, и треба да се има „сетило” за него“, вели д-р мед.сци Габриела Копачева Барсова од Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар Скопје.

Колку естетската хирургија е модерна во Македонија?

Желбата да се изгледа убаво, особено цртите на лицето, како и неговите функционални делови да бидат естетски симетрични и правилни, е постара од појавата на естетската хирургија. Затоа, не е зачудувачки што риносептопластиката, особено онаа естетската, се рангира како една од најчестите изведувачки хируршки естетски процедури. Растечката популарност на естетската и функционлана риносептопластика се должи на повеќе фактори. Најважние се: осовременување на хируршката техника, посигурна и комфорна анестезија, пократок период на опоравување.

Реалните ТВ емисии, документарните емисии во кои главни актери се пациенти врз кои е изведена естетска корекција на носот, инстант информациите како побргу и сигурно да се добие убав нос, современиот тренд за идеална убавина, ги поместија границите во однос на полот, возраста, етничката припадност, социо-економскиот статус на пациентот кој бара да му се изврши естетска интервенција на носот. Таквиот тренд постои и во Македонија. На нашата клиника, поточно на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар во Скопје, извршуваме по две до три естетски интервенции на нос дневно. Пресметајте колкава е таа бројка на годишно ниво.

slika 3

Колку Клиниката за уво,нос и грло во однос на изведувањето на естетските корекции е во чекор со трендовите на европските клинички центри?

Апсолутно ги следиме современите трендови и мислам, па дури и можам да се пофалам, дека сме водечки во однос на државите од просторите на поранешна Југославија. Тоа го потврдува и огромниот број на пациенти кои доаѓаат од тие држави, а особено оние кое се наши, а живеат во странство, таму естетските корекции на носот се екстремно скапи.

Сметате ли дека се охрабрија македонските јавни личности, вклучувајќи ги и манекенките, да се одлучат на пластична интервенција, во име на инвестирањето во сопствениот изглед?

Да, и тоа одамна. Но, тоа е толку нормално, ако ме прашате мене и јас би се одлучила на една естетска интервенција која одамна ја планирам. Ама никако да најдам време….

За каква естетска интервенција би се одлучиле?

Зошто би ви кажала? Зарем кога одиме на гинеколошки, стоматолошки или на билокаков друг преглед мора секој да знае за тоа? Така е и со естетските интервенциии. Правото на обзнанување на информацијата им го оставаме на нашите пациенти, без ралика на тоа дали тие се или не се познати, јавни личности. Добриот глас се пренесува од еден на друг, не се потребни помпезни реклами од некоја јавна личност и секаде да пишува што таа направила со сопственото тело. Телото е наше, наше е и правото да го менуваме. А, тоа се почесто го правиме не само ние Македонките, туку тоа се прави насекаде во светот. Затоа и таквите реклами по весниците и порталите ми се дури и смешни, веројатно и нарачани. Кога си добар во струката, верувајте, ќе ве најдат.

slika 4

Кога зборуваме веќе за изгледот, да се надоврземе и на стилот. Би можеле ли да именувате некои од нашите јавни личности за кои би рекле дека навистина имаат стил?

Мислам дека никој не е роден со стил. Погледнете само колку славни личности имаат се, ама немаат стил. Или пак го копираат стилот на некој друг. Стилот се гради, се доградува, доработува, и треба да се има „сетило” за него. А ако веќе се нема такво сетило, покрај толку многу модни консултанти и советници во денешно време, тогаш дури и се купува. Мене ми се допаѓа, на пример, стилот на  Кејт Мос. Таа навистина има стил во секоја комбинација. Жена со многу стил е и Амал Аламудин, сопругата на Џорџ Клуни. Од Македонките, Каролина и Калиопи, тие навистина со години го негуваат и одржуваат својот стил. На Клиничкиот центар неколку мои колешки имаат толку софистициран стил што навистина се за воодушевување.

Колку ги следите модните трендови и случувања?

Постојано. Многу сум љубопитна и прашувам, читам, следам што се случува на модната сцена и во светот и кај нас. Не се држам за она што сум го зацртала во главата. Понекогаш се гледаме во нашето огледало различно од вистинската слика, затоа прифаќам совети.

Кога не сте во работната „униформа“, во каква гардероба најмногу се чувствувате „своја“?

Спортски, секогаш спортки. Тоа значи фармерки, кошули…

Би ги потршиле ли „последните“ пари од паричникот, без размислување, непланирано, на едно парче облека кое случајно сте го виделе на излогот?

Не, никогаш. Можеби тоа не ми го дозволува ни стандардот. Обично пред да купам нешто размислувам, каде, како и за што би го употребила, во која прилика…Да се совпаѓа во различни комбинации.

Кое парче облека би сакале да го купите од актуелните колекции изложени во продавниците?

Не можам да се одлучам за едно, ги има повеќе што би сакала да ги имам во мојот гардеробер, со задоволство да ги носам. Често купувам од „Maison Scotch“ и „Guess Marciano“. Едноставно, ќе влезам во „Fashion & Friends“ и ќе си најдам парчиња што се по мој вкус.

Maison Scotch - сè е во деталите

Maison Scotch – сè е во деталите

 

 

x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...