Pret a city: Емилија Розман

Соговорник во рубрикта „ Pret a city“ овојпат ни е прекрасната Емилија Розман. По престојот во Турција оваа убавица продолжи да ја гради кариерата на модел во Милано, каде планира да остане подолг период.

emilija 1

Те наоѓаме во Милано, таму си поради деловна соработка или задоволство?

Поради деловна соработка. Потпишав договор на три месеци, но со оглед на тоа дека сум задоволна, ќе го продолжам договорот и по Нова година.

Што во меѓувреме се случуваше на модниот план со твојот престој во Турција?

Истанбул е прекрасен град, имав голем број на ангажмани таму, но сум многу позадоволна од Милано, од повеќе причини. Тука е позастапена високата мода и звучните креаторски имиња, а и професионалноста е на завидно ниво во споредба со Истанбул.

Годинава не те видовме на Моден викенд Скопје, од кои причини?

Модниот викенд Скопје според мене е најголемото модно случување кај нас, и ми претставува задоволство кога сум дел од него, но оваа сезона веќе бев замината за Италија. Иако се вратив на два дена поради потребите за снимањето на спотот за песната „Македонка“ на Фламингоси, сепак не бев во можност да останам и за време на модниот викенд.

Со кој моден дизајнер ти е предизвик да соработуваш?

Би ми претставувало огромно задоволство да соработувам со Ели Сааб. Неговите креации се вистинско совршенство.

фото- Стефан Соколовски

фото- Стефан Соколовски

Остануваш и понатаму во модните води, што е со дефектологијата?

Со оглед на тоа дека имав една пресвртница на приватен план, јасно си ги поставив приоритетите во животот и во ниеден случај нема да дозволам кариерата, а ниту било што друго, да ми се одрази на факултетот. На дефектологија имам уште немолку испити до дипломирањето, но во меѓувреме се запишав и на катедрата за шпански јазик и книжевност, и имам големи амбиции на тој план, особено кога ќе ги земам и двете дипломи.

Дали во Милано моделите полесно доаѓаат до моден ангажман отколку во Македонија?

Во Милано модната индустрија е далеку поразвиена и има далеку поголем пазар од нашиот, но тука и конкуренцијата е многу поголема, има девојки од сите страни на светот. Речиси на секој кастинг тука пристигнуваат минимум 150-200 модели.  Па така за разлика од нашиот пазар каде што е поважен квантитетот, односно да се ангажираат што повеќе девојки за пониска цена, тука внимание се обрнува на квалитетот.

Каков тип на девојки моменто се најбарани во модната индустрија?

Моментално се шири пропагандата за ангажирање на нормални, здрави девојки како и плус-сајз модели. Но со оглед на тоа што го гледам тука, во Милано, оваа пропаганда не само што не е успешна туку е и лицемерна, колку да стивне вревата која се крена на оваа тема. Мислам дека уште доста млади девојки ќе ја изгубат борбата со анорексијата пред модната индустрија да се освести што навистина означува поимот „нормално“.

Иако на фотосесиите те гледаме често во раскошни фустани, приватно си „кежуал“ облечена, во лежерен стил. Кое парче облека ти останува фаворит и за оваа есен/зима?

Карираните кошули. И штосните здолништа.

„Меркаш“ ли некоја кошула или здолниште од актуелните колекции? 

Ми се допаѓаат кариераните кошули од есенската колекција на Тимберленд. Одлично „одат“ со фармерки, а лесно се комбинираат и  со еднобојно штосно здолниште.

Rodger Island Flannel Shirt, Timberland

Rodger Island Flannel Shirt, Timberland

 

x

Check Also

Зачекорете смело во пролетта со новата колекција чевли на Bata!

Колекцијата на Bata за оваа сезона изобилува со шармантни модели на чевли ...