Pret a city: Лиле Корубин

Уметницата и модна креаторка Лиле Корубин, позната како жена-естет, ги следи модните трендови, а за актуелната сезона есен/зима 2014 ги избира кратките чизмички „Бата“ со животински принт.

Лилево комбинезон од актуелната колекција на „Манго“за есен/зима 2014, во друштво на сопругот Рубенс Корубин

Лиле во комбинезон од актуелната колекција на „Манго“  есен/зима 2014, во друштво на сопругот познатиот сликар Рубенс Корубин

Колку ги следиш модните трендови?

Мојата современост, способност за прилагодување, однос кон светот и времето во кое живеам, ја покажувам и со следењето на модните трендови.

Без кој моден додаток не излегуваш од дома?

Не би можела да издвојам еден, но сепак без убав накит, паричник и Ајфон не одам никаде.

Кое парче облека би сакала да го имаш за претстојнава есен/зима сезона?

Овие кратки „Бата“ чизмички се мојот избор.

Кратки чизми „Бата“ со животински принт

Кратки чизми „Бата“ со животински принт

Што наjпрво забележуваш кај една жена или маж кои не ги познаваш?

Вниманието и начинот на кој се поздравуваат, претставуваат, а дури потоа дискретно забележувам каков им е стилот на облекувањето.

На што креативно работиш деновиве?

Работам на мојата следна изложба на мозаици. Се надевам, догодина ќе ја прикажам во Скопје.

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...