Pret a city: Маја Талевска

„Го почитувам правилото помалку е повеќе, а надворешниот изглед го надополнувам со добро избрано парче накит. Најчесто го носам она во кое што се чувствувам удобна и сум своја. Едноставноста ме освојува. Ми се допаѓа стилот Манго, најчесто и од таму купувам“, вели згодната инстуркторка по пилатес во клубот „60 минути“, Маја Талавеска.

maja 8
Новогодишните и божиќните празници се период во кој вишокот на килограмите се неизбежен дел од секојдневието на секоја припадничка на понежниот пол. Неможејќи да одолееме на празничните трпези, често пати ни се случува да добиеме некој килограм плус. Постпразничниот период, а и почетокот на новата година е вистинско време кога треба да се определиме за некој од слободните спортови. Дали се работи за пилатес, фитнес или аеробик, останува сами да одлучиме. А како новитет во клубот „60 минути“ во рамките на пилатесот, инструкторката Маја Талевска веќе почна да држи нов тип на програма, за прв пат во Скопје, Body FitBarre.

maja 17

Каков тип на програма е Body FitBarre?

Body FitBarre е тренинг за неверојатно согорување на масти и масни наслаги, намалување на вишокот килограми, забрзување на метаболизмот и јакнење на имунитетот. За време на овој автентичен тип на програма се користат вежби кои се инспирирани од класичниот и современиот балет, пилатесот и фитнесот. Важна информација посебно за припадничките на понежниот пол е дека конзументи на BodyFitBarre програмата се и ангелите на Викторија сикрет.

 

Кои се бенефициите од овој тип на програма?  

Силно јадро, витко и фит обликувано тело, поголема еластичност флексибилност, координација и рамнотжа. Многу е битна правилната поставеност на телото, како и позициите на рацете и нозете, преовладуваат елегантни и лесни двизења, кои изобилуваат со суптилност и софистицираност.

 

Колку Македонките се грижат за својата фит форма?

На мое огромно задоволство, во последните неколку години интересот за нега убавина и фит форма е исклучително зголемен. Многу од припадничките на понежниот пол пројавуваат интерес за различни видови на фитнес програми, обрнуваат внимание на надворешниот изглед и се трудат да бидат во согласност со светските тенденции негувајќи го изгледот на модерна урбана и секси жена.

Кои од познатите Македонки доаѓаат да вежбаат кај вас?

Многу од познатите доаѓаат да вежбаат кај нас и се исклучително задоволни од советите и програмата кои ги нуди клубот „60 Минути“.

Каков аутфит за вежбање е моментално во тренд?

Не сум поборник за слепо следење на модните трендови, настојувам да носам гардероба во која се чувствувам удобно и подготвено за спортски активности. Хеланки, обична памучна маица, спортски градник и удобни патики се дел од мојата секојдневна гардероба.

Кога не си спортски облечена во каква гардероба се чувствуваш своја?

Преферирам удобна кежуал варијанта. Составен дел од мојата гардероба се фармерки, памучни маици и сакоа како и високи потпетици кои се неизбежен дел од мојот стил.

maja 9
Колку остануваш пред огледалото во гардероберот на продавниците кога купуваш нешто?

Со оглед на тоа што веќе имам изграден свој стил и знам што точно ми стои, не останувам предолго и одлучна сум во изборот на гардероба.

На што би ги потрошила своите „последни пари“ кога е во прашање шопингот?

Најчесто последните пари ги трошам на чевли со високи подпетици кои просто ги обожувам и ги имам во голем број во разни бои и модели.

Чевли Бата колекција есен/зима 2014/2015

Чевли Бата колекција есен/зима 2014/2015

Ги следиш ли модните трендови и какво парче облека би одбрала за сезоната која претстои?

Ми се допаѓа стилот Манго, најчесто и од таму купувам, значи речиси целосен аутфит – Манго.

 

 

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...