Pret a city: Верица Пандиловска

„Никогаш не штедам пари на кожени добри чевли, чизми или чанта“, вели Верица Пандиловска.

verica 2

Можеш ли за себе да кажеш дека си модна зависничка?

Модна зависничка не сум, меѓутоа си имам изградено сопствен стил адекватен за мојата личност и градба. Важно е да знаете што не смеете да носите, а што ви стои прекрасно, и секако да уживате во самата гардероба која што ќе ги истакне сите ваши убавини, а ќе ги сокрие сите ваши недостатоци.

Набрзо ќе се случува Скопскиот фестивал. Што подготвуваш?

Особено ми е драго што оваа година на Скопски фестивал 2014 година повторно ќе настапам со нумера на Сали Монети, Љупчо Мирковски го направи аранжманот, Валентино Скендеровски е продуцент. Песната носи наслов „Само за тебе“, тоа е нумера која навистина бараше специфична изведба.

Ревискиот оркестар со кој што се пее отсекогаш ми бил предизвик како пејач. Се потрудив заедно со целиот авторски тим да го дадеме максимумот. Ова е нумера за уживање, и навистина мислам дека нашата јавност за прв пат ќе може да ме види во интерпретација на ваков вид на песна.Во оваа прилика би сакала на сите да им се заблагодарам што искрено и безрезервно се посветија и овозможија врвна реализација на „Само за тебе“.

Секогаш си била стокмена за настапите, дали фестивалската сцена наметнува поинаков стил?

Благодарам на комплиментот. Секогаш се трудам целиот „пакет“ и песна, аранжман, продукција, стајлинг, шминка, фризура да бидат складни.  Секако дека сцената пред се бара поинакoв стајлинг отколку вообичаено. Внимавам гардеробата за настап да одговара на нумерата, стилот на песната и на мојата градба на тело. Секогаш сум соработувала со професионалци кои знаеле да го извечат максимумот од мене. Во однос на стајлингот на песната и овој пат за него ќе се погрижи мојата омилена креаторка и секако долгогодишна пријателка Мила Кадриу. Важно е да се чувствувате сигурно и удобно во гардеробата што ја носите и целата приказна да допринесе песната да се доживее во вистинско светло.

Препознатлива си по црвениот кармин, веројатно секогаш го носиш во чанта, без кој друг додаток не би излегла од дома?

Ќе морам сите да ве разочарам бидејки овојпат нема да носам црвен кармин кој е навистина мој заштитен знак. Може да ставам црвен кармин после настапот.Овој пат шминката и фризурата ќе бидат сосем поинакви од некои претходни пригоди во кои сум носела цвен кармин. Друг додаток без кој никако не би излегла од дома е црниот туш и убава маскара.

Колку време се задржуваш во една продавница и на што најмногу би потрошила пари, односно на што не би штедела?

Никогаш не штедам пари на кожени добри чевли, чизми или чанта. Веднаш донесувам одлука бидејќи секогаш сум сигурна што точно сакам.

Кое парче би сакала да го имаш од актуелните колекции за сезонава?

Високите кожени чизми Гес (Guess) од колекцијата есен/зима 2014. Шик се и одговараат со повеќе комбинации.

 

Гес чизми

Гес чизми

Што според тебе, во однос на стилот, и недостига на македонската музичка сцена?

Во последно време мислам дека сме во подем и дека сите колеги кои медиумски се експонирани, горе-долу вннимаваат на својот изглед, особено девојките. Е сега, кога се во прашање мажите, мислам дека сме на „мртва точка“ бидејќи, од тоа што го гледам, воопшто не им е важно дали цел ден се шетале низ град и вечерта „мртви ладни“ застанале во истата облека пред камерите. Секоја чест на исклучоци кои внимаваат и држат до себе, и се беспрекорно облечени и на телевизија и на кафе низ градот.Мора да се разликува што е гардероба за „по дома“, што е за носење кога одиш в парк, а во што ќе се појавиш пред телевизиските камери.

x

Check Also

Женствена летна колекција на Weekend Max Mara

Летната колекција на Weekend Max Mara изобилува со лесни и проѕирни модни парчиња ...