Преземете го стилот на Марјана Станојковска

„Не ми се допаѓа кога ќе видам сјајни месо- боја хулахопки. Мислам дека го уриваат целиот впечаток, невкусно делуваат и даваат лоша слика на женските нозе“.

марјана 1

Колку месечно издвојуваш на гардероба?

Не се раководам според одредена месечна сума, туку најчесто го купувам тоа што ми се допаѓа и тоа што ми е потребно во тој момент, без разлика дали станува збор за чевли со висока поптетица, гардероба или други модни додатоци. Мислам дека секоја жена поубаво се чувствува кога ќе го обнови својот гардеробер.

Каде најчесто купуваш?

Најчесто купувам кога сум надвор од Македонија, на некое патување. Посебно задоволство ми е кога ќе имам некое парче облека или нешто автентично од земјата во која престојувам во тој момент.

марјана 2

Најсакано парче гардероба?

Имам повеќе кои ми се омилени и навистина не можам да се одлучам за едно од нив. Тоа се еднобојни коктел фустани. Ги имам во црна и во бела боја. Едноставно ја следат линијата на телото онолку колку што е потребно, а во горниот дел се асиметрични. Бидејќи надвор станува се’ пожешко, би ја издвоила белата боја која ја обожавам за летниот период затоа што дава еден чист, нежен и префинет изглед.

марјана 4

На жена не сакам да видам?

Не ми се допаѓа кога ќе видам сјајни месо- боја хулахопки. Мислам дека го уриваат целиот впечаток, невкусно делуваат и даваат лоша слика на женските нозе. Во нашите продавници може да се најдат разни мат- месо боја хулахопки со помала денажа која би се вклопила во изгледот.

Омилен дизајнер?

Ми се допаѓаат чевлите на Џузепе Ѕаноти. Потоа и сценските костими на Блондси (The Blonds) и долгите вечерни тоалети на Донатела Версаче.

М.М