Презентација на моделите од колекцијата „Зебра“ на Ирина Тошева во Лотус дизајн стор

В сабота (1 ноември) Lotus Design Store ќе ја претстави најновата колекција есен – зима 14/15, „Зебра”, на модната креаторка Ирина Тошева. Покрај презентацијата на моделите од колекцијата „Зебра”, посетителите ќе имаат можност да го погледнат и модниот едиторијал за оваа колекција, но и да поразговараат и да добијат модни совети директно од креаторката Ирина Тошева. Настанот ќе се одвива во периодот помеѓу 12 и 20 часот во рамките на концептуалната продавница Lotus Design Store (Скопје Сити Мол, втор кат).

lotus 1

Инспирацијата за својата најнова колекција, модната креаторка Ирина Тошева ја добива од потребата да се истакне индивидуалноста во урбаната џунгла во која што динамично живееме. Таа индивидуланост, Тошева ја прикажува преку вметнувањето на уникатната и динамична зебра во своите креации.

„Зебрата ни открива дека колекцијата е наменета за оние кои се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат одвнатре, а со тоа да го освежат сивото зимско опкружување”, објаснува Тошева.

Посетителите на настанот во Lotus Design Store ќе може да погледнат селекција на машки и женски модели од колекцијата на Тошева, изработени од памук, сомот и волна во палета од повеќе бои, кои се карактеризираат со презицен крој,  одличен квалитет на материјалот и оригинален пристап во дизајнот.

Со овој настан, концептуалната продавница Lotus Design Store продолжува со промоцијата на македонските дизајнери и брендови. Овој концепт на претставување на новите колекции од македонски дизајнери пред македонската публика Lotus Design Store го започна во октомври, а ќе се одвива до крајот на ноември. Промоцијата на Јован Петровски е најавена за четврток, 6 ноември, кога ќе можат да се видат и најновите парчиња од двете колекции на Јован Петровски  „Squire“ и„Blackout“.

x

Check Also

Топ 4 модели на најслатки сандали за оваа сезона

Во широката понуда на сандали за лето 2017 од популарните модни марки, ...