Пристигна новата колекција на чевли GEOX за есен/зима 2015. И фантастична е!

Новата колекција на  Geox за есен-зима ’15 ја спојува најнапредната технологија на брендот со последните трендови на современиот стил. Основните вредности на дишење на стопалата, терморегулацијата и удобноста се ажурирани со гламурозни, шик детали и различни форми.

ge 22

Патентираниот систем AMPHIBIOX, ја обележува „чевлата која дише“ и истата има неколку основни и безвременски карактеристики во оваа нова колекција. Создадени од кожа или од антилоп, кои ги прават воедно флексибилни, лесни и водоотпорни, со дебел гумен ѓон и топли вештачки облоги, може да се најдат во лежерните „кежуал“ чевли и во специјализираните чизми за снег.

ge 15

ge 18

Мокасините и обувките на врзување во самата колекција се модернизирани со вклучувањето на двобојни лакирани чевли, декорирани и инспирирани од безвременските „брог“ шари. Балетанки, чизми до глужд и патики во примамливи животински принтови доаѓаат во природни кафени нијанси или црно-бели бои.

ge 23

Кожни принтови со кокосов дезен ефект, ја пренесуваат понапред оваа игрива тема, додека пак на ретро патиките за трчање им е дадена поостра надградба со твид, меки волнени влошки и светкави конци.

ge 6

Урбаниот „светкав ефект“ го има во неколку варијации на кожа, заедно со сјајниот иридисцентен ефект и бисери со метални облоги. Функционалноста, естетиката и иновацијата се среќаваат, поткрепени со позицијата на Geox како глобален тренд лидер.

ge 2

Храбар пресврт во светот на лежерноста почнува со „бајкер“ чизми со нерамни ѓонови заедно со чизмите до глужд со патент, „омекнати“ со заоблена предна страна, дебели потпетици и метални детали. Класичната елеганција на штиклите и чизмите се урбанизирани со еластични странични инсерти со асиметрични парчиња креирајќи уникатни шари на глуждот.

ge 7

Последно, Geox влече инспирација од светот на естетиката и перформансите со новата линија на патики и чевли на врзување: шарени графички дизајни и принт од змиска кожа се среќаваат со техничките материјали вклучувајќи најлон, мрежа и тантела. Овие комбинации се совршени за надворешни активности и сами по себе искажуваат урбан став, исполнувајќи ги барањата за авантури, како и за шик космпотолитски живот во градот.

Што ни носи Geox за оваа сезона, ѕирнете во фото-излогот.

x

Check Also

Колоритна, модерна и удобна е новата колекција на чевли и патики од GEOX

GEOX ни ја носи пролетта со живописната колекција на патики и чевли ...