Профемина: Успешните жени ќе ги бранат женските прашања

Регионалната конференција за жени „Профемина“  ќе се одржи во Македонија на 15 декември, во конференциската сала на Скопски саем со почеток од 9.00 часот.

Pro-femina

Успешните жени ќе зборуваат на темите Колку ни е приоритетен изгледот?, но и на тема Колку предрасудите ни го кројат животот.

Инаку, панелисти ќе бидат убави и успешни дами, вклучувајќи ја и гостинката од Белград, популарната водителка Сузана Манчиќ.

На втората панел-дискусија, насловена како: Колку ни го кројат животот предрасудите? за панелисти има осум успешни дами, кои се занимаваат со професии за кои на Балканот сè уште постои мислењето дека се машки. Дали постојат машки и женски професии и како успеале во „машкиот свет“, на оваа тема ќе зборуваат дамите.

Покрај Манчиќ во дискусиите ќе бидат вклучени Марјана Станојовска, Вера Мештеровиќ, Елена Ристеска и други.

 

x

Check Also

Колекција Кристијан Лубутен пролет/лето 2017: Чевли инспирирани од 60-те години

Новата колекција на чевли од познатиот француски дизајнер Кристијан Лубутен е инспирирана ...