Пролет во точки и риги: Претставена е пролетната колекција на Zara

Со едиторијалот насловен „Let the good times roll“, модната марка Зара ја претстави колекцијата пролет 2018 година во која доминацијата ја имаат точките и ригите. Дел од новата колекција е веќе пуштена во продажба.

Изобилство од „неочекувани“ модни коминации гледаме во новата колекција на Зара. Миди сукњите со рамен крој се комбинираат со спортски модни парчиња, а задолжителни се кратките чорапи кои се носат со отворени сандали. Модните парчиња со точкаст принт сега се носат со блузи со риги, цветните принтови исто така се комбинираат со точкасти детаљи, како и животинскиот принт.

Модните парчиња кои не се со принт, тогаш се во силни, впечатливи бои. Обетките пак, се предимензионирани, а шарените марами за коса – добредојдени.

Посветете внимание на цветните модни додатоци кои се носат дури и со маички со принт, така ќе се носат оваа пролет.

x

Check Also

MANGO има уште едни хит сандали (достапни во продажба)

Луди сме по овие сандали од Манго, со умерено висока, стабилна и ...