Прошетка низ шекспировата Италија: Венеција

„Што има ново на Риалто?“, Венецијанскиот трговец, 1 чин, сцена 3.

Мостот Риалто, Венеција, фото Елиска Никодемова

Мостот Риалто, Венеција, фото Елиска Никодемова

Многу дискусии се водат за тоа дали Шекспир некогаш ја посетил Италија. Некои од неговите дела, сместени во Италија, го покажуваат одличното познавање на Шекспир на некои од градовите, а од друга страна, некои истражувачи сметаат дека се тоа големиот писател можел да го дознае и од трговците кои доаѓале од Италија во Англија. Во времето на кралицата Елизабета Прва не постоеле политички врски меѓу Венеција и Англија, но од друга страна, во животот на Шекспир биографите ни до денес не можат да идентификуваат каде писателот ги поминал годините меѓу 1585 и 1592., што можеби укажува на тоа дека во тоа време бил во Италија. Како и да е, две големи дела на Шекспир се сместени во Венеција – Венецијанскиот трговец и Отело.

Едно е сигурно, Венеција никого не го остава рамнодушен. Наречена е невеста на морињата, кралица на Јадранот, а станала симбол за градовите на вода. Нејзината убавина секако доаѓа од необичната архитектура, положбата, необичниот спој на водата и каменот, преубавите палати заплискани од водата на венецијанските канали. Со векови Венеција ги инспирирала уметниците, Бајрон ги опеал нејзините мостови, Чајковски ја обожавал, Томас Ман ја напишал Смртта во Венеција… Ако Шекспир некогаш дошол во Венеција, секако времето го минувал талкајќи по улиците, проучувајќи го трговскиот свет, поминувал преку мостовите кои се денес препознатлива слика на овој град.

Во „Венецијанскиот трговец“ неколку пати се спомнува мостот Риалто кој е денес една од најпрепознатливите слики на Венеција и кој е најстар од четирите моста кои го премостуваат Канал Гранде. Мостот е завршен во 1591 година, некако баш во времето на оние години за кои не се знае како Шекспир ги поминал. А можеби писателот токму во „Венецијанскиот трговец“ оставил посебна шифрувана порака за своите „италијански години“ со тоа што дури три пати ја повторил реченицата за новостите за Риалто.

Плоштадот Св. Марко

Плоштадот Св. Марко

Покрај многуте прочуени градби, палати и плоштади во Венеција, секако една од најзначајните е Дуждовата палата, која после црквата Свети Марко е најпозната градба во Венеција, а во која Шекспир го сместил расплетот на „Венецијанскиот терговец“. Вниманието на милиони посетители на Венеција секако го привлекува и Саат Кула (Торе дел Оролоџо) на плоштадот Свети Марко, каде се наоѓа најпознатиот часовник во градот. Двете бронзени фигури на врвот на оваа Саат Кула, познати се и како „и мори“ или „Мавари“ што за Шекспир бил клучот за Отело.

Во времето на Шекспир, венецијанското гето било едно од ретките места во Европа каде на Евреите им било дозволено да се занимаваат со трговија. Поимот гето денес воглавно има негативна конотација, но во старите времиња тоа било место на спасението. Венецијанското гето било прво на светот и поради тоа била и причината Шекспир во своето дело дејствието да го смести во Венеција. Венецијанското гето и денес е фасцинантно, еверјската заедница остана сочувана, а релаксираната, мирна атмосфера на овој дел од градот повикува на прошетка низ овој историски локалитет, со дури пет синагоги.

С.Спасиќ

x

Check Also

Зошто е Лапонија најпосакуваната зимска дестинација? Многу причини-затоа!

Гопдинава Финска, поточно Лапонија, стана хит зимска дестинација без разлика дали сте ...