Работилница за накит од епоксидна смола

На 6 и 7-ми февруари (сабота и недела) во АРТиЗАН – Центар за занаети (Пушкарска 17, локал 7) во Старата скопска чаршија од 11 до 16 часот ќе се случува дводневна работилница за накит од епоксидна смола.

rab 1
Епоксидната смола или позната како течно стакло е одличен материјал преку кој можете да ја изразите целата своја креативност. Со посетата на оваа дводневна работилница ќе го научите целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња:
– Што е епоксидна смола (течно стакло), како се користи и за што сѐ може да се употреби?
– Обликување на накит
– Употреба на калапи
– Излевање
– Вградување на фотографии, предмети, природни цветови
– Сушење, завршни техники и полирање

Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 10 парчиња накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе.

Бројот на учесници е ограничен на 10 лица.
Повеќе информации во инбокс на фан страницата на Windmilljewelry како и на: windmilljewelry@gmail.com

x

Check Also

Зачекорете смело во пролетта со новата колекција чевли на Bata!

Колекцијата на Bata за оваа сезона изобилува со шармантни модели на чевли ...