Раскош во еден есенски рурален сон

Уметницата Дијана Богдановска во соработка со блогерот Магдалена Чапаровска („биди свој“ – @self_fish_), решија спонтано да изработат професионален фотографски концепт со цел да се презентира како руралните средини би требало почесто да се посетуваат и да се разгледуваат нивните убавини.

01

 

Понекогаш доцниме за да го пресретнеме залезот. Спонтано заскитуваме во златната боја за да разврземе свет меѓу сенки, текстури, приказни и илузии. Пригушената топлина нѐ води понатаму… низ недопрени пејсажи, сочни плодови, раскошни ткаенини, флорални дезени и романтично исенчено сценарио… Фокусот е во чистата природа, а убавината струи низ неоформена суптилност. Руралната мекост нѐ полева со невиност и ни ветува трансценденција. Градот е само матна сенка… некаде многу далеку… Понекогаш да доцниме е корисно. Можеби ќе потонеме во пастелен сон. Можеби ќе се разбудиме со цвет меѓу дланките.

Место: Полог

Фотографија & шминка: Дијана Богдановска

Модел & стајлинг & текст: Магдалена Чапаровска

 

x

Check Also

Сара Фешн и Лоба ја промовираа новата колекција на долна облека и пижами за есен/зима, 2017-2018

Сензуално и комфорно, заводливо и возбудливо, со овие зборови се опишува новата ...