Рецепт за совршено варено вино (бело и црвено)

Што може да ни годи најмногу во студените денови, особено кога поради дождот и снегот не можеме да прошетаме во природа. Во домашна атмосфера со пријателите и совршено варено вино.

Рецептот е наменет за четири до пет лица.

Со истите намирници се подготвува и бело и црвено варено вино

Со истите намирници се подготвува и бело и црвено варено вино

Потребни намирници – 1 литар црвено или бело вино ( по можност со одличен квалитет и важно да не биде кисело), 2 дл вода, сок од 1 портокал, 1 стапче цимет, 3-4 клинчиња, 2 ванилини шеќери, 2-3 лажици шеќер (или 2 лажици мед), 1 ѕвездичка анасон, 1 лажичка кардамон, 1 лажичка ѓумбир, прстофат морско оревче, 1 изрендана кора од портокал, мандарина или лимон, 1 портокал исечен на кругови (сосе кората). 1/2 дл рум или вотка.

Подготовка

Истурете го виното во лонец и загрејте го на тивок оган (повеќе грејте го отколку варете), додадете ја водата, сокот и круговите портокал, шеќерот и сите останати зачини. Варете на тивка температура 10 до 15 минути, а потоа поклопено виното нека отстои уште 15 минути за да ги впие сите вкусови.

Потоа, исцедете го и послужете го топло. Декорирајте ја чашата со кругче од портокал. 

x

Check Also

Загревање со дневна журка и дочек на Новата година во Дистрикт бар и ресторан

Дистрикт бар и ресторан во Скопје Мериот Хотел организира дневна предновогодишна забава ...