Родена под модна ѕвезда: Катарина Ивановска

Како започна кариерата на македонската најславна манекенка Катарина Ивановска.

katarina 1

Катарина на Лук модел срч во Варшава

Имаше точно 15 години и беше прва година во средното гимназиско училиште Корчагин кога победи на интренационалниот избор „Топ модел –лук модел срч“ кој се одржа во Варшава. Во конкуренција од 40 девојки за првпат оваа титула ја доби една Македонка, со име Катарина Ивановска.

На самиот почеток беше ангажирана во модната агенција „Моделс ин“  која всушност и најмногу веруваше во можностите за успех на Катарина.

„Кога ме прашаа дали очекував дека ќе ја добијам првата награда, им одговорив потврдно“, низ смеа рече Катарина во едно од нејзините први интервјуа.

katarina 2Бидејќи слабо го владеела англискиот јазик, во Варшава Катарина се дружела само со девојките од поранешните југословенски простори. Но уште тогаш стигнале понудите од Франција, Греманија и Бразил. На прашањето со што ги освои странците, Катарина тогаш ни одговори „со мојот шарм!“ Како победничка на „Лук модел срч“ Катарина освои вредна награда од 200 илјади долари.

„Вистинската среќа од победата ја почувствував кога си дојдов во Скопје. Моите родители веќе на големо славеа, ги почастиле професорите во училиште, а јас едвај чекав да ги видам моите сокласници со кои исто така ја споделив среќата“.

Дури по оваа победа, многу новинари се заинтересираа за Катарина. Не само од домашните медиуми, туку и од странските. Следуваше првото посериозно снимање и тоа за „Нокиа“, а веднаш потоа и за списанието „Ел“.

За понатамошната кариера на Катарина продолжи да се грижи Лук модел менаџмент од Виена, каде што замина на почетокот на јуни 2004 година заедно со нејзината мајка. Родителите кои претходно се спротиставуваа нивната ќерка да заплови во манекенските води, сега веќе веруваа во идниот моден успех на Кики.

katarina 3

„Предизвикот и успехот на Катарина допрва следуваат, Македонија за неа е мала и затоа ретко ќе биде ангажирана овде“, во тоа време рече Надица Ѓоргиева. И не погреши во проценката.

katarina 4a

x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...