Ролат од ајвар и спанаќ готов за 10-на минути

Рецептот се подготвува само за 10-на до 15 минути, превкусен е и е одлично мезе или предјадење.

rolat 1

Намирници за кора од ајвар – 4 лажици ајвар, 4 јајца, 3 лажици масло, 6 лажици брашно, 1 прашок за пециво.

Намирници за кора од спанаќ – 6 лажици исечкан спанаќ, 1 прашок за пециво, 6 лажици брашно, 3 лажици масло, 4 јајца.

Намирници за филот – сол, црн пипер, 1 парче кремасто сирење, 1 кисела павлака, исечкани кисели краставици по желба, 2 варени јајца, малку исечкана шунка.

Подготовка

Спанаќот сварете го, исцедете го и иситнете го. Јајцата изматете ги и додадете ги останатите состојки за кората од спанаќ. Се добро измешајте и ставете на хартија за печење. Печето 5-7 минути на 170 степени. Оставете да се излади испеченета кора.

Кора од ајвар – изматете ги јајцата, додадете ги останатите состојки за кората од ајвар, добро се заедно измешајте и претурете ја смесата на хартија за печење. Печете како што ја печевте и претходната кора, од спанаќ. Оставете да се излади.

Фил – изгмечето го кремастото сирење и додадете ги останатите состојки. Двете кори исфилувајте ги, потоа свиткајте ги во ролат и оставете ги во фрижидер 1 час пред да посужите.

x

Check Also

Весела велигденска торта со скриено изненадување

Кое детенце не би било пресреќно да добие торта од која, кога ...