Ролат од банани и ванилин пудинг

Брзо се подготвува, не изобилува со калории, превкусен е, нема причина зошто да не ја разубавете трпезата со еден лесен ролат од банани.

rol 1

Потребни намирници за тестото – 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 1 лажица какао.

Сите состојки добро се матат. Претурете го тестото на тепсија со намрсена хартија за печење и печете 10 минути на 220 степени. Кога кората е готова, замотајте ја во мрсна хартија и така оставете ја да се излади.

За филот –  пола литар млеко, 2 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила, 1 лажица брашно, 120 грама маргарин, 150 грама шеќер во прав.

Сварете го пудингот со лажицата брашно и две лажици шеќер. Кога ќе се излади составете го со изматениот маргарин и на крајот додадете го шеќерот во прав. Намачкајте го белиот дел на половина кора и врз него ставете две банани. Додадете две лажици какао на втората половина од филот. Премачкајте го смеѓиот де на преостанатата половина од кората и завиткајте ролат. Останатиот дел од филот премачкајте го врз ролатот и изрендајте малку чоколада.

x

Check Also

Мора да ги пробате – Палачинки со сос од боровници

Ултимативен тренд за ова лето во слатката гастрономија се палачинките полнети со ...