Романтична закуска за Денот на вљубените: Чоколаден колач и Каберне Совињон

Пријатна музика, романтична атмосфера и совршен рецепт за топло-ладен колач во кој се ужива со чаша Каберне Совињон од винарија Тиквеш.

tikves 1

 Потребни состојки:

  • 350 г чоколада за готвење
  • 100 г брашно
  • 150 г мелени ореви
  • 5 јајца
  • 65 г путер
  • 100 мл засладена павлака за матење
  • Сладолед од ванила

Начин на приготвување:

Чоколаден колач

  1. На пареа, истопете го путерот со 250г чоколада за готвење и оставете да се олади.
  2. Во посебен сад, изматете ги јајцата (со миксер) за да станат пенасти, додајте ги брашното и мелените ореви, а потоа и смесата од растопена чоколада и путер. Промешајте.
  3. Распоредете ја смесата во одделни тркалезни алуминиумски садови и печете 5 минути во загреана рерна на температура од 200°C.

Прелив

  1. На пареа, растопете 100г чоколада и додајте ја засладената павлака за матење за да се разреди смесата.
  2. Во чинија, најпрво ставете чоколаден колач, прелијте со чоколадниот прелив, а од страната, додајте сладолед од ванила.

Чоколадниот колач послужете го со чаша Каберне Совињон од винарија Тиквеш.

tikves 2

Каберне Совињон е суво црвено вино со пурпурноцрвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин и мириси на вишна, малина и на суво грозје. Се одликува со полно тело, добро избалансирани танини и со карактеристично елегантна завршница.

Повеќе за вината на Тиквеш прочитајте ТУКА. 

x

Check Also

Холандскиот музички гениј гитаристот Јан Акерман во Скопје

Во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“, во четврток на 9 ...