Да го исполниме животот и да го живееме со страст: Sallés Hotel Pere IV (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еден од најелегантните хотели во Барселона е хотелот Sallés Hotel Pere IV кој освен по одличната локација, сместен во непосредна близина на морето, а во срцето на градот, од останатите хотели се издвојува по специфичниот стил и дизајн кој го оправдува мотото да се живее лесно, со многу вкус.

Дел е од ланецот Sallés Hotels, хотели распространети низ клучните туристички центри на Шпанија, од Палма де Мајорка до Коста Брава, а зрачат со истиот стил и елеганција како овој, изграден од неодамна, како втор хотел од истиот ланец во Барселона.

Иако нуди луксуз, љубезниот менаџерски тим ни објаснува дека целна група не се богатите и бизнисмените, туку туристите кои сакаат да уживаат со сите сетила во она што може да се понуди.

„Знаете, конкуренцијата во Барселона е огромна, секојдневно никнуваат нови хотели, и за да се сочува довербата на гостите, мора да се биде не само поинаков туку и да се следи чувството на тоа што неопходно мора да се овозможи за тие да се чувствуваат тука убаво, посебно“, скромно ни објаснува менаџерот на  Sallés Hotel Pere IV.

Хотелот располага со 191 соба и 4 апартмани, „a la carte“ ресторан предводен од врвни готвачи, симпатично стилизирано кафуле, фитнес, сауна и раскошен СПА-центар со базен.

Менаџерскиот тим предвидува в година на самиот кров од хотелот да се постави уште еден, отворен базен, со ресторан и поглед на Барселона „на дланка“.

Се разбира, масажите се посебно задоволство особено приквечер, по целосно искористениот ден, воглавно поминат пеш низ неодоливата Барселона.

Ј.К

x

Check Also

Романтични зимски дестинации – Ледени хотели

Привот хотел од мраз беше отворен во Шведска, во 1989, и тој ...