Сара Џесика Паркер лансираше невестинска колекција

Глумицата која стана дизајнерка, Сара Џесика Паркер, со здружени сили со GILT, лансираше ексклузивна невестинка колекција.

Линијата SJP by Sarah Jessica Parker нуди 10 необични дизајни на венчаници за модерни девојки. Моделите се разновидни – од боди со панталони до комбинезонки и комбинации на бели долги кошули со хеланки, како и со миди сукњи.

За да бидат уште понеобични овие модели не се достапни само во класичната бела боја, туку и во розова, сина, црвена и црна. Цените се движат од 295 до 2395 долари, а достапни се во продажба на официјалната интернет страница на  GILT.

Погледнете ги моделите во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Обетките и нараквицата кои ги носеше Меган Маркл се достапни во продажба во Картие

Меган Мркл за својата венчавка одбра елегантна, класична и минималистичка венчаница од ...