Сара Мејс-невеста на третиот „The Bridal Fashion Night“

Во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, поп-пејачката Сара Мејс го отвори третиот „The Bridal Fashion Night“, вчеравечер во Македонскиот народен театар , во организација на Моден викенд Скопје.

sara 5

Убавата пејачка ја нашминка Фросина Ангеловска – Фран а за фризурата се погрижи Дарко Петковски.

Модната ноќ посветена на невестите продолжи со ревиите на косовската модна куќа „Менакон“ зад која стои дизајнерката Надире Зимбери, а потоа публиката премиерно ја виде  колекцијата „Ретки бисери“ на ателјето за венчаници „Ал Апарел“ како и најновата колекција од „Elizabet design studio“.

„Менакон“

„Менакон“

„Менакон“

„Менакон“

„Ал Апарел“

„Ал Апарел“

„Ал Апарел“

„Ал Апарел“

„Elizabet design studio“

„Elizabet design studio“

За прв пат пред македонската публика се претставија  ателјето „Vlora&Kaltrina fashion designers“  од Косово и косовската дизајнерка Теута Матоши – Дурики која го затвори настанот кој се одржува трета година по ред.

„Vlora&Kaltrina fashion designers“

„Vlora&Kaltrina fashion designers“

„Vlora&Kaltrina fashion designers“

„Vlora&Kaltrina fashion designers“

Теута Матоши – Дурики

Теута Матоши – Дурики

За декорацијата  на сцената со  свежи мимози, се погрижи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“.

Манекенките  ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина „Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“ . За целосна нега и истакнување на  вашата природна убавина , веќе познатите „L’Erbolario“.

sara 3

Сара Мејс

sara 1

Ателјето „ AVA“  е задолжено за дизајнирање на свадбени веселби, свадбени декорации и професионално осветлување. „Moet“ и понатаму останува присутен  во сите важни моменти во животот. „Peugeоt“  и овој пат понуди соодветно возило за идните семејства, кое ќе ги задоволи барањата и на најпребирливите клиенти.

„Пелистерка“  традиционално остана официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина а винаријата „Камник“ ексклузивен партнер за сите венчавки.

„Среќни сме што по трет пат им ја разубавивме вечерта на сите идни невести и што успеавме да им го олесниме изборот на „најважниот фустан“  како и изборот на другите детали потребни за организирање на свадбениот ден.“, велат организаторите.

Фотографија – Ани и Дими

x

Check Also

Есенската колекција на Tom Tailor ни носи бои и оптимизам

Tom Tailor ја претстави есенската колекција, а акцентот е на палтата и ...