Се потите? Решете го проблемот со овие намирници

 

Зголеменото потење во жешките денови знае да биде вистински проблем, а „вирчињата“ под пазувите направени на кошулата или маичката изгледаат многу непријатно.

За да го решите проблемот со зголеменото потење, додадете ги овие намирници во секојдневната исхрана.

pot 2

Храна богата со влакна

Овошјето, лешниците и бадемите, како и зеленчукот во текот на летото треба да сочинуваат дури 80 отсто од вашето дневно мени. На тој начин ни зголемено потење нема да има.

Наместо црвено месо

Кажете „не“ на црвеното месо во текот на жешките денови.  Заменете го со билокаква риба.

pot 3

Портокал и брокула

Две моќни намирници кои не дозволуваат да се испотите.

Ним

Оваа индиска билка која може да се најде во продавниците за здрава храна, вистински го решава проблемот со потењето. Во филџан топла вода додадете лажичка ним и помешајте. Доколку вкусот ви е горчлив, додадете во чајот малку мед и лимон. Пијте три пати на ден од чајот, а најважно е наутро да го испиете на „празен стомак“.

Маслиново масло

pot 1

Користете маслиново масло како единствен додаток во салатите. Заборавете на маргаринот и сончогледовото масло кои го поттикнуваат потењето исфрлајќи ги штетните токсини преку порите на кожата.

 

x

Check Also

Д-р Елена Арсова: Бремените жени на време да ги решат проблемите со ноктите

Во четвртиот месец од бременост некои од жените забележуваат промени на ноктите. ...