Секогаш е добро време за меурчиња: Ергион на ВВ „Тиквеш“

 

Пенливото вино најчесто се одбира за специјални пригоди и прослави, како претстојните новогодишни празници. Но, вистината е дека секое време е добро време да се ужива во магичните меурчиња. Погрешна е навиката да се пие и само како аперитив. Напротив, овој тип вино најлесно се спарува со различни видови храна, така што без разлика дали ќе го одберете како придружба на оброкот или како самостојно освежување, немате причина да чекате специјална пригода за да отворите шише пенливо вино.

ergion28

Во светот постојат четири методи за производство на пенливо вино. За да се добие вистинскиот ефект најдобар е традиционалниот, класичен начин на производство. Станува збор за долга, скапа и сложена постапка, која кај нас се применува при создавањето на пенливото вино Ергион на ВВ „Тиквеш“, на што се должи и неговиот висок квалитет.

Веселите меурчиња на Ергион се резултат на најсложениот метод за производство на пенливо вино. Покрај примарната фермeнтација, која е иста како и кај другите вина, секундарната фермeнтација кај пенливото вино Ергион се одвива во самото шише. Неповторливиот вкус на Ергион се должи на малата количина на шеќер и квасец што се додадва во шишето со вино, по што тоа се затвора со т.н. „кралска капица“ и се поставува на специјални сталажи, навалени под агол од 45 степени.

Процесот на ферментација во шишето кај Ергион трае од минимум шест месеци до една година. Во тој период еднаш месечно шишето се врти рачно за агол од пет степени. Меурчињата се должат на присуството на јаглерод диоксид, кој се создава на природен начин, во текот на процесот на ферментација. Доколку го вкусите Ергион, ќе го почувствувате одличниот спој на свежина, овошност, хармонија и елеганција. Нежните и фини меурчиња создаваат кремаста текстура, заокружена со исклучително свеж финиш, а благодарение на примената на долгата и сложена постапка, формираните меурчиња се качуваат кон површината на виното долго време откако Ергион ќе се наточи во чаша.

За да можете целосно да уживате во пенливото вино, послужете го во чаша во форма на „лале“, која овозможува да се концентрираат нотите што ќе ги почувствувате кај пенливото вино. Ви останува само пенливото вино да го оладите на температура од 5ºC и да уживате во него и тоа не само за време на новогодишната забава.

x

Check Also

Мезе од авокадо и сирење

Чекате ли гости? Еве една идеја за супер закуска. Изупете 2 поголеми ...