Секојдневие со Springfield: Нова машка колекција пристигна во продавниците

Секојдневието се осврнува кон модата. Сите клучни модни парчиња за секојдневен изглед сега се тренди. Колекцијата содржи богата лежерна колорна палета и облеки кои се лесни и удобни за носење.

02 (Small)

Стилот е фокусиран на модерно пристапување кон неформалниот-лежерен изглед со младешки став. Новите кројки и миксови ќе придонесат за комплетно различен изглед на оваа облека за секој ден.

04 (Small)

01 (Small)

Тесни и „скини“ чино панталони, петџебни панталони, волнени џемпери со ниска крагна и фотографски принтови, памучен жакард и блузони со качулка со плоската плетка ќе го постават лежерниот тон. Јакните со волна се придвижуваат кон урбаниот изглед заедно со геометриските дезени на жакард како нова верзија на традиционалната техника на плетење во повеќе шеми и бои.

Богати и карирани волнени ткаенини, комбинирани во различни дезени, кратки и долги елеци, нови обувки, чизми за трчање и волнените капчиња му додаваат модерност на трендот и многу секојдневна приказна.
03 (Small)

Колекцијата Секојдневие побарајте ја во продавниците Спрингфилд во Скопје сити мол, ГТЦ, Рамстор мол и Спрингфилд Куманово. 

x

Check Also

Дотерани за празничните денови и специјални моменти со модните парчиња од ORIGINAL MARINES

Свечени модни комбинации за деца ќе најдете во новата колекција од италијанската ...