Шармантната Македонка Сарита Бредли во филм на Оливер Стоун

Мала но значајна улога за Сарита Бредли, глумица и фотомодел со потекло од Прилеп, во новиот филм на Оливер Стоун „Сноуден“.

sarita 6

„Имав мала, но за мене многу значајна улога, во филмот „Сноуден“во кој главната улога ја има Џозеф Гордон Левит. Во филмот јас сум другарката на Шејлин Вудли“, ни раскажува прилепчанката Сарита Бредли која живее и работи во Минхен, каде што се снимаше филмот „Сноуден“.

sarita 3

Станува збор за американски биографски политички трилер кој се однесува на поранешниот американски разузнувач Едвард Сноуден.

Главните улоги во филмот ги имаат Џозеф Гордон Левит и Шејлин Вудли, а снимањето започна во февруари. Премиерата на филмот е закажана за 25 декември 2015.

Пред објетивот на Аксел Рубел позира шармантната македонска глумица.

sarita 1

sarita 5

sarita 4

sarita 2

 

x

Check Also

Бундички од вештачко крзно – Еве каде да ги купите најубавите!

Ако веќе размислувате за сезоната на постудени денови, сигурно размислувате и за ...