Шармот на андерграунд движењето во женската колекција на REPLAY

Субкултурата и бунтовничкиот дух на 50-тите и 60-тите години се основа врз која дизајнерите ја создале женската колекција на Replay за сезоната пролет/лето 2015, во која очигледно доминантен е шармот на андерграунд движењето.

Replay_SS 2015_4

Колекцијата престатвува мешавина од ретро влијание и современ шик изглед, претставен преку комбинација на парчиња со висок струк, здолништа до колена, женствени фустани кои добиваат нова перспектива кога се носат со бомбер или моторџиски јакни или спортски блузони.

Replay One Off_Woman_SS 2015_9

Материјалите кои доминираат се жоржет, тул, тантела поставени наспроти кожа и џинс, додека пак од боите присутни се пастелните тонови и цветните дезени во комбинација со потемни нијанси како сива, темно сина и црна.

Новата колекција на Риплеј е достапна во „Фешн енд Френдс“.

x

Check Also

Зошто мораш да имаш список кога одиш на шопинг!

Традиционалната шопинг листа може да биде многу корисна кога планирате да купите ...