Шер изгледа гламурно за Марк Џејкобс

Би рекле ли дека има 69 години? Шер изгледа гламурно во кампањата на Марк Џејкобс за есен 2015.

ser 1

Фотографирана од Дејвид Симс, 69 годишната пејачка позира за есенската кампања на Марк Џејкобс, седната на обична столица, облечена во црн фустан и палто и црни кожени ракавици.

И модниот дизајнер е задоволен што Шер ја има главната улога во кампањата.

„Прекрасната и убава Шер! Ова е само почеток, следува повеќе!“, објаснува Џејкобс.

Шер не остана без одговор на ваквиот комплимент од креаторот, па му одговори преку својот Твитер – „Марк Џејкобс е принц!“, додавајќи дека го смета за драг пријател и за млад талентиран дизајнер чие време допрва доаѓа.

x

Check Also

Моден гаф на Оскарите: Бланка Бланко без долна облека!

На црвениот тепих на ноќта на Оскарите ретко се гледаат модни гафови ...