Шик сезона со новите модели на Бата: Подготвени за шопинг? Ние, да!

„Во тек се промоции во нашите продавници, а многу наскоро, на крајот од месецот јуни, ќе започнеме со сезонските попусти, како и многу други акции и late night shopping забави“, објаснува Владо Сејменовски, бренд менаџер на Бата.

Машките бродарици на голема врата се вратија во мода. Кои бои и какви редизајнирани модели се тренд за сезоната пролет/лето?

Бродариците (boat shoes) мокасините и loafers чевлите се едни од најбараните модели во текот на летото. Можат да се најдат спортски или пак кежуал варијанти на моделите во една боја или пак комбинации на повеќе бои во зависност од стилот и возраста на оној кој ги носи.

1

1-1

Бата оваа сезона лансираше голем избор на бои и модели покрај стандардните црна и кафеава има повеќе нијанси на плавата боја која и доминира во целата колекција за пролет / лето 2014 и која е базична за комбинациите, црвени, портокалови, зелени.

1-3Освен бродариците, кои машки модели на чевли се фаворити за потоплите денови?

Вистински фаворит се моментално кожните патики во повеќе бои. Вистинско освежување за летниот период, модел кој до сега во BATA не можел да се најде и наиде на доста позитивни критики од купувачите.

2

2-2

Канвас патиките и еспадрилите  исто така ги има во повеќе бои. За оние кои сакаат повеќе слобода на стапалата во топлите денови има голем избор на папучи, апостолки и сандали.

2-7

Кој тип на мажи се ваши најчести купувачи?

BATA е бренд во кој може да се најде за секој тип на маж по нешто. Од оние кои денот го поминуваат во класични одела и за кои ја имаме Ambassador линијата на BATA, класични чевли, исклучиво изработени од кожа, made in Italy, па се до оние кои претпочитаат спортска варијанта. Може да се каже дека најчести купувачи ни се оние кои негуваат класичен стил на облекување и оние кои ја сакаат спортската елеганција.

3-2

Цветови, ние ги обожаваме, а моделите со цветни принтови се „маст хев“ за ова лето. Може ли да ги најдеме и во женските колекции на Бата?

Дефинитивно да. Како во модел на високи патики, ниски патики па се до еспадрили, сандали, чанти и паричници.

4-3

4

4-44-5

4-8

Која е летната ѕвезда меѓу модните додатоци?

Нашите редовни клиенти веднаш ја забележаа промената која BATA ја направи некаде во средината на сезоната почнувајки од промена на целиот креативен тим, чиј клучен збор е “Change” (промени) , па се до изгледот на продавниците, внатрешното уредување како и слоганот кој сега е “Shoes & Bags” што значи дека летни ѕвезди помеѓу додатоците се дефинитивно женските чанти. Можат да се најдат голем избор на чанти во сите големини и бои и најразлични материјали кои се match за големиот избор на чевли.

5-5

Што предлага летово Бата за помладата генерација?

Сандалите се вистински хит. Рамни сандали, сандали на полна пета или пак висока потпетица. Изборот на бои и дезени е доста голем, а доминираат пастелните бои и градација на кафените тонови. Веќе го спомнавме флорал принтот, но исто така анимал- принтот и сандалите украсени со светкави камчиња се актуелни кај младите.

6-36-56-18

Едвај ги очекуваме летните попусти. Кога почнуваат?

Во тек се промоции во нашите продавници, а многу наскоро, на крајот од месецот јуни, ќе започнеме со сезонските попусти, како и многу други акции и late night shopping забави.

poster-giugno07621

Лично вие, на кој модел оваа сезона нема да му одолеете да го имате?

Ми беше доста тешко да се одлучам само за еден пар чевли сезонава, па може да се каже дека малку претерав . Не одолеав да ги имам brogue чевлите, monkstraps моделот како и chukkas моделот во преубава сина боја и портокалови врвки, а со нетрпение ја очекувам и новата есен / зима колекција во која има исто така доста промени.

8

 

x

Check Also

6 фустанчиња со спуштени раменици од Mango

Фустанчињата кои ни ги откриваат рамениците се тренд за сезоната пролет/лето 2017, ...