Што чевлите зборуваат за вас

Чевлите се огледало на нашиот карактер.

Каков тип на чевли доминираат во вашиот шкаф? Проверете што тие зборуваат за вас.

cevli casadei-pumps

Висока тенка потпетица

Високата и тенка потпетица открива дека сакате да бидете на повисоко скалило во општетсвениот живот. Сакате да бидете центар на вниманието, дотолку повеќе ако таквиот тип на чевли се и поескравагантни, понакитени. Го одбирате друштвото и настаните на кои ќе се појавите. Често, зад ваквите чевли стои личност која точно знае што сака во животот, но и пресметлива.

Чизми над колениците

Внесувате радост секаде каде што ќе се појавите. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво, брзо се зближувате и лесно градите пријателства. Не ја следите модата фанатично, туку го носите се она што ја „вади“ сексапилноста од вас.

cevli 7

UGGs

Динамични и многу практични, UGGs чизмите ја откриваат вашата пријатна и умерена личност. Повеќе ги сакате дневните настани отколку гламурозните вечери, а и не се грижите многу што другите мислат за вас. Со пријателите сте голем пријател, но местото на таа листа секако треба да се заслужи.

cevli 8

Ниски чевли

Посигурно се чувствувате кога сте на земја, па оттука сте и во контакт со реалноста. Не сте сонувач, но зад ваквите чевли често се крие нежен карактер. Нема да прашате – каде е забавата туку кој доаѓа со вас на неа. Практични сте, но и прилично отворени за комуникација, понекогаш и остри на јазик, зашто секогаш сте на страната на вистината.

cevli9

Мокасини

Со дневен распоред како вашиот, веројатно и немате време да носите свили и тантели. Треба да се стигне секаде, на сите места, не сакате ништо да пропуштите. Водите премногу активен живот и „конците“ се секогаш во ваши раце. Во што е вашата магична привлечност? Во насмевката на лицето убаво искомбинирана со џинс и пар мокасини.

cevi76

Патики

Секако дека зад овие чевли се крие еден спортски дух и авантуриста. Како и во спортот, во животот најважна ви е фер-играта. Не се откажувате лесно од она што ќе го замислите, па секогаш сте победник токму поради истрајниот карактер. Може некој ќе ви замери на вашето детско однесување, но вие и понатаму одбивате да „пораснете“. Каде е забавата вечер? Почекајте, само да ги заменам фармерките со фустан, (се разбира, патиките остануваат на нозе) и одиме да се изнаиграме.

cevli99

Оксфорд-чевли

Можеби изгледаат „строго“,  но зад овие чевли се крие еден голем романтичар и најчесто уметник. Со поголемо задоволство би отишле на поетско читање или добар концерт, отколку на гала-настан. Ги следите соништата, имате голема доверба во луѓето, па често знаете и да се разочарате. Брзо простувате и заборавате, водејќи се според мотото „попаметниот попушта“.

cevli 4

Салонки со умерена/ниска потпетица

Не сте некој кој сака да ризикува, кога газите – газите на сигурно, во животот функционирате како да сте сметководител. Одлично менаџирате со парите, внимателно ги одбирате пријателите, не влетувате во непромислени ситуации и најчесто тешко се отворате. Не дека не сакате забава, но знаете дека животот не е само забава, па попреку гледате на оние кои мислат поинаку.

cevli 87

Ниски чизми

Сакате да сте во чекор со модните трендови, па ако оваа сезона се носат чизми до глуждовите, од нив ќе имате барем два чифта. За вас модата не е „слепо следење“ туку уметност, сепак впечатокот кој го оставате е важен. И луѓето ги проценувате од прв поглед, според она што го носат на себе. Всушност, прво гледате во нивните чевли, па потоа знаете со кого „си имате работа“. Дали грешите? Никогаш. Или барем никогаш не признавате дека сте згрешиле.

 

 

 

x

Check Also

Нова колекција од Александар Ванг инспирирана од 80-те години

Александар Ванг, кој важи за еден од највлијателните американски дизајнери, ја презентираше ...