Што за „не дај Боже„ секогаш треба да се носи во големата чанта

Малите чантички се актуелни за оваа сезона, барем според диктираниот тренд на познатите креатори. Ама, како да и се одолее на големата чанта кога има толку многу свои предности.

canta 890890

Познатите дизајнери годинава го форсираат трендот на малите чантички, во кои – ајде да бидеме практични- едвај може да се собере мобилниот телефон, клучевите од дома, кармин, мало пакување на влажни или обични марамчиња и евентуално, ако има местенце, и за едно коректорче. Доколку ја додадете уште и маскарата, постои голема можност да не можете да ја закопчате таа, навидум, прекрасна, слатка мала чантичка. А клучевите од автомобилот? А паричникот? Или под малата слактка чантичка се подразбира и тоа дека таквите „предметчиња“ треба некој друг да ги носи наместо вас, би требало да се во неговиот џеб, на пример.

Истовремено истите тие баш толку славни дизајнери го форсираат и трендот на една сосема слободна и слободоумна девојка (или жена), мислиме на дорасната на модните трендови, која е подготвена да ги прифати и, навидум, најневозможните комбинации на облека и уште, а-ха, да знае да ги носи! Добро е што сама барем треба да ги носи. Во сезонава која следува.

Но ние да си ги кажеме предностите на големата чанта и зошто толку си ја сакаме.

Прво, зашто „поднесува“ неред. Не напразно некој, со право, си рекол – во женска чанта може да се најде се, освен ред. А бидејќи нели, ние сме си девојки (или жени) на 21-т век не сакаме и никој да ни става ред. Најмалку, не да им се подредуваме на редовите на исфорсираните трендови. Сами ќе си го направиме редот или нередот. Онака како што си сакаме. Па дури и со себе да влечкаме апсолутен хаос.

Второ, зашто во големата чанта ќе си ги сместиме и клучевите од автомобилот сосе привезокот тројно поголем од самите клучеви. Голем како една амајлија. А се знае зошто се носи некакваси ајмалјија. За да не ни пукне гума, на пример. А и да пукне, во големата чанта може да сместиме и цел сет за менување на една обична гума. И уште ако чантата е и екстра голема, може да се смети во неа и  резервна гума.

canta 345

Трето, во големата чанта може да сместиме несесер само со нај(не)потребни работи во него од типот на лак за коса, сенки за очи во најразлични нијанси со кои може да се интервенира барем врз очите според нијасната на расположението, од најсветла до најтемна боја, шноли за коса во случај на ураган, како и четка за коса и отплеткувач за коса, се разбира и …чепкалки за уво,  два-три парфеми, па хидратантна крема за освежување на лицето (која евентуално би можела да се најде во случај ако сепак сме одличиле да се подзадржиме подолго изложени надвор), течна и камена пудра, памукчињата за бришење на шминка и нанесување на нова…А кога сме кај памукчињата и памукот, за секој случај, и едно пакување влошки. Сосе стотина крилца.

Четврто, во големата чанта може да се смести и вокмен/iPod и сл.. За не дај Боже. На пример, во случај некој со муабетот да се обиде да ни ја „убие“ вечерта, веднаш би можеле да смениме  „плоча“. iPod-от е секогаш тука за да ги сочува нашите прекрасни уши. И не само поради ушите. Треба ли да се покаже малку почит и кон нежните, внимателно одбрани обетки? По три пара од нив во големата чанта! Најмалку.

Петто, шишенце шампањско од 200 милилитри. Може и од 300. А што мора да е малечко шишенце, не ќе броиме сега 200-300.  За релаксација е. Или, ај да кажеме, за дај Боже.

И после некој ќе каже дека големата чанта била „аут“? Дека демек не била веќе модерна. Е баш ни е гајле. Неопходна ни е.

 

 

 

x

Check Also

MANGO Committed – нови дизајни од Манго направени од рециклирани материјали

Шпанскиот моден бренд MANGO вклучи еколошки практики во својата нова колекција. Линијата ...