Симпатичен гаф на Хејден Панетијер: Носам фустан од Том Форд!

Љубителите на модата останаа збунети од изјавата на младата глумица Хејден Панетијер не црвениот ќилим на доделувањето на наградите Златен глобус.

hejden 2„Носам креација од Том Форд. Ова е првпат да носам креација од него. Се чувствувам секси и релаксирано во фустанот. Би носела и пластична вреќа ако е дизајнирана од Том Форд“, изјави Хејден.

Но фустанот што таа го носеше не бил направен специјално за неа од Том Форд, туку го купила во малопродажба, што меѓу обожавателите на модата е голема грешка. Имено, на истиот црвен ќилим фустан дизајниран од Том Форд всушност носеше Наоми Вотс.

Технички Хејден не кажа никаква лага, зашто бездруго фустанот купен од бутик беше со потпис на Том Форд, но модните критичари не остануваат рамнодушни на ваков гаф сметајќи дека глумицата ги прекршила правилата за облекување на црвениот ќилим.

Сепак, младата глумица толку добро изгледаше во фустанот кој сама си го одбрала и купила што подоцна лично Том Форд и испратил цвеќе со порака „ Драга Хејден, изгледаше прекрасно вчеравечер,  ти благодарам на пофалните зборови, со многу љубов, Том“.

x

Check Also

Екстравагантна нова колекција на венчаници од Вера Ванг

Вера Ванг ја претстави новата колекција на венчаници за сезоната пролет/лето 2018. ...