Сирутка – совршена храна за слабеење и формирање на телото

За позитивното влијание на сирутката во формирањето на телото и слабеењето пишува и списанието  The Journal of the American College of Nutrition.

Со дури 14 истражувања се потврдува дека лицата кои држат диета или се бават со физичка активност и внесуваат протеини преку користење на сирутка имаат пониска телесна маса и масно ткиво од другите. Исто така, кај испитаниците дошло и до пораст на мускулната маса.

Сирутката е чист протеин, сиромашна е со масти и килокалории, а богата со важни нутриенти, оттука се препорачува како задолжителна намирница за сите оние кои сакаат да ослабнат. Дополнително, истражувањата тврдат дека протеините од сирутката го зголемуваат нивото на хормонот кој управува со контролата на апетитот и така сирутката прави подолго чувство на ситост.

Научниците истакнуваат дека најдобри резултати од сирутката се видливи доколку диетата ја поддржиме со физичка активност, но не треба да се занемари и подобрување во составот на телото и кај испитаниците кои воопшто не вежбале.

x

Check Also

5 начини на кои овесната каша нема да ве ослабне, туку ќе ве здебели

За многумина омилениот здрав појадок – овесна каша соодветен е за диетите, ...