Сите сакаат да бидат облечени како Бекам. Така барем вели H&M…

Во новата кампања на H&M за пролет 2016 година, главната улога ја има Дејвид Бекам. И самата кампања носи наслов  Modern Essentials selected by David Beckham.

bek 3

Рекламата е снимена на улиците во Лисабон, а пораката е дека сите сакаат да бидат облечени како Бекам.

bek 1

bek 7

„Секогаш супер се забавувам снимајќи кампањи за H&M. Тие навистина го разбираат мојот стил и мојата смисла за хумор. Беше прекрасно да се облечат елегантните парчиња од новата колекција Модерн Есеншл и истовремено добро да се забавуваме“, вели Бекам.

Колекцијата ќе биде достапна во сите продавници на H&M почнувајќи на 18 февруари, и уште еднаш ќе биде пуштена на 10 март. На истите датуми ќе биде достапна и преку онлајн продажба.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Црвениот сатенски комплет на Бела Хадид

Топ моделот не престанува да изненадува со модните комбинации. Овојпат се појави ...