Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме одвојува од површните луѓе, себичните и сосема ограничените.

melita 1

Една од најголемите страсти ми се патувањата. Секогаш сум желна за нови откривања, уживања во нови градови и земји, се губам од возбуда при допир со непознатото кое го отривам.

melita 3

Втора голема страст ми е фотографијата. Би кажала, тука е тенка границата меѓу страст и љубов. Обожавам да фотографирам, ама и да креирам како ќе излезе една приказна на фотографиите, и кога патувам и кога си правам фотосесии за своја душа. Ќерка ми и животните ги фотографирам најмногу и со најмногу страст.

melita 01

Трета страст ми е модата. Модата е нешто што ме раздвижува, ја следам со голема страст, ме фасинираат новите модни трендови, креациите, изразите на врвните креатори. Нивната страст при создавање на креациите како да се пренесува на мене.

melita 4 Страст ми е пишувањето. Со години пишувам, за себе, во разни животни расположенија и со многу љубов. Можеби, еден ден нешто и ќе биде објавено. Пишувам постојано, мистично, таинствено….Личностите кои го сакаат животот и го живеат со страст се неисцрпна тема. Но, што да се сподели, а што да се сочува за себе, често се прашувам.

melita 02

Кај мене е тенка границата меѓу страста и љубовта, едноставно не одат разделени. Страста ја доживувам како чудна експлозија на чувства кога ги доживувам работите. Сила која ме движи, која ме одвојува од површните луѓе, себичните и сосема ограничените.

melita 5

Позната е мојата страст кон животните. Таа страст, додека сум жива, нема да стивне во мене.

melita 03

Страст од која во последниве години не можам и не сакам да се „спасам“ е фитнесот, грижата за своето тело и здравје. Вежбам со страст и уживам во она што го добивам.

melita 04

x

Check Also

Јована Стојменовиќ: Кога има страст ништо не е тешко и никогаш не е здодевно

„Многу луѓе ме прашуваат како можам со години да станувам во пет ...