Сликарот на ноевските вратови кој танцувал гол

Црномурестиот италијански евреин, последната роматична елеганција на Монмартр со истанчен поетски нерв, олицетворение на романтичен неред. Евреин во бучниот артистички Париз како двоен аутсајдер. Се преставувал: “Јас сум Модилјани, Евреин …”

01
Премногу чувствителен на своето потекло и неговата сензибилна природа измачувана од туберколоза менингитис. Четвртото дете на брачната двојка Модилјани (Фламинио и Евгенија, моминско Гарсен), по потекло од Марсеј подоцна истиот тој пресликан во Париз како егземплар на вистински боем, сликарот на долгите вратови и аглести образи во градот чија небесна платформа била станица за истоварување на боемските судбини.

02

Двајцата Модилјани

Солидно филиозофски образуван, книжевно поткован, анархистички настроен и сликарски истрениран во него суштествуваат двата сензибилитета, двајцата Модилјани Модилјани поетот и Модилјани сликарот. Напојуван од ренесансните извори на италијанската поезија рецитирал стихови од Данте и Леопалди додека ја издржувал рехабилитацијата на неговите инфицирани бели дробови. Неговите француски пријатели повеќе ќе го поврзат со поезијата отколку со сликарството, но неговата поетска имагинација полека почнала да се префрла врз префинетата линија на цртежот и длабоката реалност на боите кога еден ден од деновите на рехабилитација ќе дојде во допир со репродукциите на Анри Тулуз – Лотрек. Боемскиот Париз, израз на порив, непосредно барање, сериски неконтролирани тонови на линијата, едноставно место за неговата темпераментна природа и скулптурите на Бранкуши. Модилјани мислел дека скулптурата има премногу кал стремејки се на моделирањето од глина да му најде некое “пластично решение”. Сонувал директно да работи во материјалот наместо да моделира : “ Единствен начин да се спаси скулптурата, е да се почне со делкање, со директно делкање во каменот” – велел Модилјани. Крадел камења од напуштените згради за своите скулптури, бидејќи не можел да си дозволи да ги купи.

03

Младите сервирки од “Розелија”

Жените што ги сликал се реални тие се од провинциите, “родени како предмет на нешто што е потрошено и нецивилизирано”. Модилјани ги сакал мотивите на голото женско тело и неговите актови се презентирани без посебни декоративни додатоци. Едноставно Модилјани ги обожава широките колкови кај жените. Сензуалноста на личноста е изразена преку големите бедра, меѓутоа, уметникот ја држи насладата под контрола, а со тоа актот го издига супериорно еротски. За актовите на Модилјани господинот Кенет Кларк пишува: “Секој (негов) акт е апстрактен, треба со успех да побуди кај набљудувачот некое еротско чувство. Ако не го стори тоа, тоа е лоша уметност и лажна моралност”. Најсилно сликал без основните нешта. Одбивал да им ја отвори вратата на оние кои сакале да му донесат нешто неопходно, гладен и премрзнат, сликал најсилно. Му се смачувало од професионалните модели. Повеќе ги сакал младите сервирки во ресторанот “Розелија”, каде што се хранеле ѕидари, стари Англичани, некој издолжен Швеѓанец кој над својата чинија се кривел како кулата од Пиза. Сликал поети,музичари, проститутки, слугинки, келнерки,трговци … Ја насликал и руската поетеса Ана Ахматова која се вљубила во “убавецот со пороци”. Кога првпат Модилјани ја видел рекол “ види интересна Французинка” која ја насликал на неговите платна. Руската поетеса велела дека таа не му позирала на Модилјани туку тој по сеќавање ги направил нејзините цртежи. На својата симпатија Модилјани и подарил 16 цртежи. Повеќето биле уништени за време на Октомвриската револуција. Ана Ахматова не се плашела да каже дека „цртежите ги испушија морнари“. Сочувани се само оние цртежи на Ахматова кои се наоѓале во приватни колекции на Запад. Сликал ликови без зеници во очите велејќи дека тие “ гледаат внатре во себе” со смиреност на нивните издолжени лица.

04
“Бисер и свиња”, во џебот со кутија хашишни пилули

Смел заводник на еден разорен медитерански начин. Жените го обожувале.
Го сметале за неодолив и неподнослив, кој животот го трошел на див начин, како да го добил на лотарија. Секогаш бил облечен во едно излижано сомотско сако кое, според кројот, паметело и подобри времиња. Неговата гордост и смелост се граничеле со безобѕирност, безпоштедно се уништувал влечејќи се од кафеана до кафеана, постојано пијан и без пари. Кога не бил со својата кутија хашишни пилули или шишето апсент, тогаш бил со своите скици што брзо потезно ги правел и им ги продавал на минувачите за да си обезбеди по некој оброк или чаша вино за подоцна да танцува гол со некоја слободна жена. Модилјани обожувал да танцува гол, во некој локал кога бил комплетно напуштен, а тој комплетно опиен танцувал отмено и страсно.
Со својата ненаметлива аура под дејство на хашиш или апсент ја започнува својата љубовна афера со англиската поетеса Беатриса Хестингс. Некои говорат дека таа го навела на алкохол и хашиш, други тврдат дека таа го храбрела и го потикнувала да работи, а таа за него ќе напише “ Комплексен карактер. Бисер и свиња – Го сретнав 1914 година, во cremerie. Седев наспроти него. Хашиш и вињак. Не знаев кој е. Изгледаше грд, див и бесен. Повторно го сретнав во кафето “Ротонд” . Беше избричен и шармантен. Ја поткрена капата со префинето движење и, вцрвенувајќи се до уши, ме покани да ги видам неговите платна… Секогаш беше со некоја книга во џебот. Лотреамоновиот Малдоро. Презираше се освен Пикасо и Макс Жакоб … Под дејство на дрога не направи ништо добро”. Единствено неговиот пријател и трговец на неговите слики поетот Леоплолд Зборовски направил нешто добро за него. Всушност, сите негови пријатели се обидувале да му помогнат. Некои, како Кислинг, му ги отстапувале ателјеата, приборот за работа и моделите. Зборовски почнал да се грижи за него особено во годините кога му се влошувала и здраствената состојба, му помагал финансиски и му ги плаќал сите дроги кој успевал да ги внесе за една ноќ и да испие се во некоја кафеана. Зборовски, како трговец на негови слики, доживеал успех , а врската помеѓу двајцата претставувала одличен пример на однос меѓу сликар и трговец, какви што ги имало во Париз во тоа време: повеќето трговци претставувале своевидни експлоататори кои ги гонеле своите робови – сликари. Почнал да чувствува одбивност кон Беатриса. “Англиската поетеса” се повеќе и повеќе му претставувала притисок и контролор во неговиот животен мистицизам. Во тој период само Зборовски знаел како да му пријде, вложувајќи вонредни напори преку изложби да го претстави Модилјани на Париз. Две, без посебен успех, приредил во 1915/16 година, но најамбициозниот зафат кој се обидел да го ангажира кон крaјот на 1917, во галеријата Берт Вел, бил повеќе скандал отколку успех. На самиот излог на галеријата биле поставени четири актови со распламтени портокалови бои кои требале да побудат еротско чувство кај минувачите. Се вмешала полицијата инсистирајќи да се симнат четирите актови кои Зборовски ги поставил со цел да привлечат внимание.

05

Самоубиство и портрет за пет франци

Жана Ебитерн е љубовта на неговиот живот која до последни сили ќе се обидува да го извлече од сите опијати кои му го разорувале телото. Додека е со неа и со нивната ќеркичка ја доживува ерупцијата на неговото сликартво. Портокаловата боја на неговите платна горела повеќе од кога било, но туберколозата, алкохолот и дрогата ги нагризувале неговите платна. Неговиот пријател Зборовски презел патувања по југот Франција со надеж дека ќе го излечи, но Модилјани од животот ги земал само последните издишувања. Со разорено тело и разорана душа, болен и пијан се влечел по кафеаните портретирајќи ги посетителите за пет франци, се до ноќта помеѓу 24/25 јануари 1920 година кога починал завршувајќи ги неговите визии. Се борел до последен миг, до последната издишка, мрморејќи стихови во делириум веројатно од Данте, до моментот во кој го изговорил и последниот стих. Жана Ебитерн го сакала нејзиниот бунтовник, порочен, страстен, пијан, сиромашен, ранлив, промискуитетен нежен… Го сакала нејзиниот сопруг, нивната мала ќеркичка и бебето во нејзиниот стомак. Само не ја сакала неговара смрт, не го сакала ни нејзиниот живот повеќе. Не го сакала ни нероденото бебе кое се посилно мрдало во нејзината утроба. Во тие моменти го сакала само покривот на ателјето, местото од каде си го одзела животот бремена во деветиот месец.

06
Милена Ризовска

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...