Есенска нега на кожа за совршен тен

Богатите есенски овошја и зачини, како што се тиква, брусница и цимет, сигурно ќе израдуваат оваа сезона. Но вкусните плодови можете да ги користите за целите на убавина и од нив да направите хранливи маски за лице. За нивната подготовка нема да ви биде потребно многу време и пари.

lllllllllllllllllllll

Маска од тиква

Витаминот А, антиоксидансите како што се витаминот Ц и цинкот – сето тоа ќе го дадете на вашата кожа со користењето на оваа маска. Потребна ви е една голема лажица пире од тиква,една лажица мед и пола лажица млеко. Сите состојки измешајте ги и нанесете ги на лицето со кружни движења. Но, избегнувајте ја областа околу очите. Оставете ја маската да дејствува околу 15-20 минути, а потоа исплакнете го со млака вода.

knaa (13)

Морско оревче и цимет

Овие фини зачини не само што добро мирисаат , туку се добри за вашата кожа. Морското оревче има анти-воспалителни својства, ги стеснува порите и го намалува црвенилото на акните, но, исто така, ја ублажува видливоста на лузни на кожата. Цимет дејствува како пилинг, како антисептик. Кога овие зачини ќе ги измешате со мед, ќе добиете маска за “исцелување”.

Пред да се одлучите за оваа маска сепак припазете на морското оревче, бидејќи може да ја иритира осетливата кожа, затоа е подобро прво да се испроба на мал дел од кожата пред целосно да ја нанесете.

Состојки : лажица мед, ¼ лажица цимет и едно мало лажиче морско оревче. Се добро измешајте и нежно нанесете ја маската на лицето. Оставете ја да стои 20 минути, а потоа измијте се.

Cranberry-Face-Mask

Шеќер за пилинг на телото

Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку и направите пилинг кој ќе ја подмлади. Покрај тоа овој пилинг ја поттикнува циркулацијата. Пире од тиква и цимет во комбинација со кафеавиот шеќер ќе биде вистински мирисен мелем.

Измешајте пола филџан пире од тиква со иста количина кафеав шеќер. Додадете ¼ лажица мелен цимет па добро измешајте. Смесата лесно втријте ја на телото а потоа измијте се.

bentonite-facial_mask

Маска од брусница

Брусницата е богата со витамините Ц и К, и содржи антиоксиданси кои вашата  кожа ќе ја направат да изгледа младешки, па дури и ќе ги намали темните кругови околу очите, односно ќе ги направи помалку видливи. Таа е, исто така, природен тонер за лицето, а кога се комбинира со мед и јогурт, добивате  маска совршена за мазно лице .

Ви треба десетина свежи изгмечени брусници, лажица мед и лажица обичен јогурт. Сите состојки, се мешаат и се нанесува маската на лицето со кружни движења. Исто така избегнувајте го пределот околу очите. Оставете да делува маската околу 15 минути, а потоа измијте ја.

x

Check Also

5 природни начини да ја осветлите косата

Еден од бенефитите на сончевите денови е што може да ја осветлите ...