Совршен ѓердан за совршено деколте

Накитот е важен дел од секоја комбинација , но веројатно ви се случило да забележите како одреден ѓердан не се согласува со кошулата или фустанот. Иако бојата е совршена, нешто едноставно не одговара. Одговорот го даде Џалиса на YouTube каналот „Модни досиеја на Жалиса“, која вели дека ѓерданот треба да го избереме според отворот на маицата.

Street Style - Day 1 - Milan Fashion Week Womenswear Spring/Summer 2013

Со нејзините совети нема да погрешите …

Со ролки најдобро одговараат долги ѓердани. Жалиса советува малите дами да ги избегнуваат ролките со силни печати или дизајни, за да не направат да изгледате детски. Наместо тоа, одлучете се за неутрални бои, и декорирајте ги со интересни долги ѓердани.

1

Набраната јака бара погледот да се спушта заедно со наборите, а идеалниот ѓердан во овој случај е пократок синџир со приврзок. Таа ќе го повлече погледот нагоре,а вратот и деколтето ќе изгледаат убаво. Таа вакви јаки им ги предлага на дамите кои имаат мали гради.

Layered-Necklaces-Fashion

Закопчана кошула оди со впечатлив ѓердан, кој се носи под јаката. Ако одлучите да ги откопчате првите неколку копчиња,  одлучете се за ѓердан со триаголна форма.

2

„V“ деколте, се согласува со ѓердани, кои се, исто така, во форма на буквата „V“. Важно е ѓерданот да не е премногу долг,  да не преминува на маицата , туку треба да се постави на неколку сантиметри над работ. Така вратот изгледа подолг, па ова е идеална комбинација за дамите со пократок горен дел од телото.

4

Кружнот отвор добро ќе одговара со истите ѓердани кои одат со кошулите на  закопчување. Барајте нешто поширок ѓердан , кој ќе ја „отвори“ линијата на вратот, бидејќи овој израз визуелно може да го скрати вратот.

statement_necklaces_trend_2013_1

Отворот во вид на чамец одговара со малку подолг ѓердан. Должината на накитот зависи од тоа што ви се допаѓа, така  во овој случај може да се одлучите за еден што одговараше на ролки. Жалиса во овој случај се одбрала  ѓердан во облик на буквата „y“.

Голем кружен отвор убаво се вклопува со ѓердан кој има ист облик како и отворот. Ѓерданот, исто така, не треба да ја надминува маицата, а оваа комбинација многу убаво ја нагласува линијата на вратот. Ако имате градба како превртен триаголник, ова е одлична комбинација за вас, бидејќи рамената делуваат потесно.

simple_pearl_necklace-6457

Аглестиот изрез или маица без прерамки најдобро ќе оди со ланче со ист облик. Така, ѓердан во форма на квадрат или правоаголник се идеален избор во овој случај. Важно е ланчето да не биде премногу долго, како и привезокот да се наоѓа на кожата, а не на маицата. Вакви модели треба да се избегнуваат девојки кои имаат пошироки рамена.

x

Check Also

Направете сами весели алки за ова лето

Наместо да купувате, направете си сами весели алки за ова лето. Еден ...