Совршен новогодишен подарок за луѓе со стил: Домен Лепово Гранд Куве

Виното е одличен подарок за секоја прилика. Меѓутоа, таа универзалност може да биде и недостаток доколку сакате да подарите нешто оригинално и ексклузивно. За среќа, од неодамна на нашиот пазар е достапно ултра ексклузивното вино „Домен Лепово Гранд Куве“.

Domaine Lepovo Mock up FInal Grand Cuvee black111

Произведено во бутик винарницата „Домен Лепово“ на Винарската визба „Тиквеш“, ова вино им парира на најпознатите француски црвени вина од областа Бордо. Ваквата паралела е возможна затоа што црвените вина прозведени во истакнатите дворци во Бордо се секогаш комбинација од неколку сорти и тоа каберне совињон, мерло и каберне франк. „Домен Лепово Гранд Куве“ е совршено балансирана купажа од вранец, каберне совињон и мерло. Исто така, ова вино е креација на светски реномираниот мајстор Филип Камби и во секој поглед претставува особено моќно вино со уникатен карактер.

lepovo 3

За моќните својства и ароми на ова вино придонесува и неговото одлежување во времетраење од 18 месеци што се одвива во специјални (ICON) француски барик буриња кои се користат само за виното од една берба. За секоја наредна берба се користат нови буриња.

Сите овие карактеристики имаат удел во ексклузивноста и високата вредност на „Домен Лепово Гранд Куве“ кое е достапно во лимитирана серија. Поради атрактивноста и високиот квалитет на ова вино, кај нас е присутно само во ограничен број ресторани и специјализирани продажни локации.

lepovo 6

„Домен Лепово Гранд Куве“ се одликува со темна рубин боја и богат вкус на суви сливи и зрели црни цреши, комбинирани со благи зачини и суптилни нијанси на кафе и тутун. Благата арома што се чувствува на мирис се рефлектира и во вкусот каде доминираат зрела цреша и црвена рибизла. Има исклучително полно тело и долг финиш, како и голем потенцијал за стареење.

Се надеваме дека сите овие информации ви помогнаа да се одлучите што да одберете следниот пат кога ќе ви треба ексклузивен и уникатен подарок.

x

Check Also

Загревање со дневна журка и дочек на Новата година во Дистрикт бар и ресторан

Дистрикт бар и ресторан во Скопје Мериот Хотел организира дневна предновогодишна забава ...