Спортска колекција на Ирина Тошева за македонскиот „Цеботекс“

Колекција на спортска гардероба која ја потпишува дизајнерката Ирина Тошева за македонската фабрика „Цеботекс“ ќе биде презентирана на 10 февруари, со почеток во 11.30 часот, на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар (зад Владата на РМ) .

Irina Tosheva for Cebotex (1)

Спортската колекција под името „Cebotex activewear by Irina Tosheva “ е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.

Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје,  која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци .

Парчињата од колекцијата ќе бидат веднаш достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com .  

Настанот е од отворен карактер и ќе можат да присуствуаат сите заинтересирани.

Фотографијата е дел од каталогот за колекцијата.
Фото  Ани&Дими, Графички дизајн  Анита Гај , Моден дизајнер Ирина Тошева за „Цеботекс“, Кастинг Виктор Цветановски, Шминка Јована Коциќ, Фризура  Студио Cool Cut, Модел Александра Наумова, Продуцент Света Богова- Јовановска.

 

 

x

Check Also

Skopje City Mall месецов Ве носи на најатрактивните настани и концерти!

  Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall, е активен покровител и ...