Стефан Соколовски, новиот Хелмут Њутн е веќе роден!

Стефан има само 16 години, вљубен е во фотографијата со која се занимава две години. Неговиот извонреден талент покажувда дека за ова младо момче-фотограф допрва ќе слушаме.

stefan 1

Фотографирањето го интересирало од мали нозе, но посериозно се „фрлил“ на работа од 8. одделение. Првиот фотоапарат го добил на подарок од неговите родители, за Нова година, и оттогаш Стефан не престанува да „чкрапа“.

„Тогаш имав 14 години. Фотографиите направени со мојот стар фотоапарат сеуште ги чувам, всушност тие први фотографии ми се едни од најомилените. Се уште ги паметам до детали… “, ни раскажува ова талентирано момче.

Вели дека во Македонија не може да се опстане и живее од продажба на фотографии.

„Тука, на нашите простори, фотографијата не е доволно ценета како уметност“, додава тој.

Стефан планира да го заврши средното образование, а потоа… „Себеси дефинитивно не се гледам тука, сакам да студирам на фалкутетот за применети уметности во Белград, на отсекот фотографија. Но којзнае, можеби ќе успеам и да заминам на студии подалеку, некаде во светот“

Се инспирира од делата на врвниот Хелмут Њутн и смета дека неговите фотографии се безвременски.

Ние пак сметаме дека новиот Њутн е веќе роден.

 

[sociallocker id=”14932″]

 

[/sociallocker]
x

Check Also

Топ 4 модели на најслатки сандали за оваа сезона

Во широката понуда на сандали за лето 2017 од популарните модни марки, ...