Stradivarius има супер миди-сукњи за секоја пригода

Сукњите со миди должина се практични зашто во зависност од модната комбинација може да ги носиме за различни пригоди. За работното место ги комбинираме со кошула, за кежуал излегувања со маичка или блуза и секако со патики, а за вечерни излегувања – со интересно „боди“и впечатливи сандали.

Во пролетната понуда на модната марка Stradivarius, најдовме повеќе модели на миди-сукњи со интересни дезени, принтови и детаљи.

Плисот, точките, проѕирните материјали и секако цветовите се во центарот на колекцијата. Од палетата на бои доминираат сината, розовата и зелената, но тука се и интересните весели комбинации со риги или со вкрстување на два различна принта.

Проверете во фотогалеријата.

x

Check Also

A SUMMER STORY: Нова колекција од MANGO

Сите летни приказни треба да започнуваат вака: Морски брег, природа… Замислете се ...