Султански одмор во Кавала

Хотелот Имарет во Кавала чува богата историја која датира од Отоманската империја.

im896

Кавала, мостот меѓу Солун и Истанбул има богато историско минато. Во минатото Кавала била познат трговски центар, особено позната  по трговијата со тутун, но и родно место на пашата Мохамед Али кој бил еден од најзаслужните луѓе за трансформација на модерниот Египет. Хотелот Имарет, како историски споменик,  го чува тоа минато во своите ѕидови и градба која датира уште пред 1923 година.

im723

im555

im432

im075

Во 2001 година хотелот е приватизиран, но со реновирањето се сочувани сите детали од минатото и до денес претставува единствена културна градба која сведочи за старата арапска цивилизација во Европа.

 

im8765

Прекрасниот хотел Имарет располага со 16 раскошни соби и 10 луксузни апартмани, секоја од нив со уникатен и карактеристичен дизајн. Секој детал го слави луксузот и безвремената елеганција. Ентериерот раскажува приказна,  рачно изработени ќилими и сочувани декорации кои гостите ги враќаат во едно друго време, а градината од портокали ги буди сите сетила исто како и музиката од брановите која доаѓа од морето и се слева во светилките околу хотелот кои пламнуваат за да ја означат вечерта.

im123

Време е за медитација и релаксација. Дискретниот персонал и совршениот сервис нема да го попречи спокојството. А погледот кон морето допира подалеку од полните очи.

im899

im987

im653

x

Check Also

Топ 3 европски центри за прочистување на телото

Може ли да претпоставите колку негативни материи носиме во нашиот организам предизвикани ...