Суви смокви во маслиново масло за плодност

Иако може да ви звучи неверојатно, се смета дека сувите смокви во маслиново масло е еден од најдобрите природни лекови за плодност, и кај мажите и кај жените.

smokvi 1

Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но од непознати причини помалку се денес запоставени во исхраната. Сувите смокви се исклучително богати со витамини од Б групата, но и со витамините А, К, Ц и Е. Дополнително содржат и високо ниво на селен, цинк и калциум, а познати се и како извор на антиоксиданси.

Покрај тоа што одлично влијаат на подобрувањето на работата на желудникот и ги регулираат хормоните, сувите смокви во маслиново масло важат за еден од најдобрите природни лекови за подобрување на плодноста.

Се подготвуваат многу едноставно, а потребни ви се толку суви смокви колку што собира во тегла која сте ја одбрале. Маслиново масло ви е потребно во количина која е доволна за да се прелијат смоквите.

Во стаклена тегла наредете ги сувите смокви, па потоа претурете маслиново масло да ги покрие смоквите, затворете ја тегата и оставете ја така да отстои цел месец. Дури потоа можете овој природен лек секојдневно да го употребувате конзумирајќи по една сува смоква пред секој оброк.

Доколку не ви се допадне вкусот на природниот рецепт, земете в предвид дека е исклучително здрав иако нема баш пријатен вкус.

x

Check Also

Д-р Елена Арсова: Бремените жени на време да ги решат проблемите со ноктите

Во четвртиот месец од бременост некои од жените забележуваат промени на ноктите. ...