Тања Кокев: Најважно е просторот да го претставува брендот во целост

Вечерва (27-ми ноември) со почеток во 20 часот во ГТЦ на втор кат ќе се отвори новиот салон на Кокев.

Тања Кокев

Тања Кокев

„Подолго време размислував Кокев да го преселам во еден поинаков простор кој ќе биде подостапен, ќе има излог со кој ќе може постојано да играме и да ги претставуваме новите колекции. ГТЦ е сепак во центарот на градот каде сметаме дека и Кокев треба да биде позициониран и затоа одлуката падна токму тука да се преселиме“, објаснува модната дизајнерка Тања Кокев.

tanja 11

Преку уредувањето на новиот салон дизајнерката се пробала и во еден друг сегмент, уредување на ентериер. Сама го осмислила и дизајнирала целиот простор, од позиционирањето на мебелот до неговите форми и дизајни на ткаенини.

 

„Станува збор за еден стил, односно за Френч кантри стил, суптилна романтика претставена преку принтовите на ѕидовите, рустика преку подот, наспроти модерното осветлување. Се тоа е недополнето со многу цветови изработени од свилена органза“, вели Кокев.

Според неа најважно е просторот да го претставува брендот во целост, да биде негова слика, да има позитивна енергија и многу светлина.

tanja 2

„Секако, не помалку важно е клиентите да се чувствуваат тука конфорно и убаво, да има доволно простор не само за клиентите туку и за вработните во фирмата, да се чувствуваат пријатно додека се на работа. Само така енергијата ќе циркулира во позитивна насока“, додава Кокев.

Фотографија-Ани и Дими

x

Check Also

15 омилени модни парчиња од есенските колекции на популарните модни марки

Модната есен е пред нас, а судејќи според есенските колекции на популарните ...