Таормина: италијански одговор на Монте Карло

Според легендата, шестиот ден, кога Бог го завршил создавањето на светот, воодушевен од убавината која ја создал, го земал светот во раце и го бакнал. Местото каде што ги спуштил своите усни била Таормина.

taormina 2

Кога размислувате за Сицилија првата асоцијација е мафијата. Голем дел од туристите и патуваат на Сицилија за да ја почувствуваат мистиката поврзана за приказните и филмовите. Но, потоа се разочаруваат. Жителите на Сицилија не сакаат на нив да се сеќаваат само по тоа, па не зборуваат за минатото со задоволство. Полека ги живеат своите скромни животи, со туристите или без нив, тромо ги минуваат деновите никаде не брзајќи.

taormina 7

Најпознато летувалиште на Сицилија е Таормина, која од едната страна е свртена кон морето, а од другата кон вулканот Етна. Стара, велат, уште пред Христос, изградена од хеленските колонизатори високо на брдото кое го викале Тауроменион. После Грците, градот припаднал на Римјаните, го освојувале Сарачените, Арапите и Шпанците, подоцна е посетувана од славните сликари и писатели и така Таормина полека станувала свртилиште на кралските семејства и глобалните богаташи.

Од Оскар Вајлд до Пикасо – Таормина отсекогаш била собиралиште на уметниците

Од Оскар Вајлд до Пикасо – Таормина отсекогаш била собиралиште на уметниците

Во западниот дел на градот доминира античкиот театар со фантастичен поглед на Јонското море каде што, до денес, за време на летото се одржуваат премиери, претстави и концерти на познати светски изведувачи и групи. На ова место каде што некогаш се играле грчките трагедии, каде што се одржувале гладијаторските борби и двобои поставено е и филмско платно, а за пригода на спектаклите направена е и сцена од мраз на која се изведуваат ревии, незаборавни и порадиради погледот на Етна, особено во текот на есента и пролетта. Во амфитеаторот се одржува и традиционалниот Филмски фестивал, веднаш после оној во Венеција и тоа е уште една пригода повеќе во Таормина да наврати светскиот џет-сет.

Моника Белучи честа гостинка на Фимслкиот фестивал во Таормина

Моника Белучи честа гостинка на Фимслкиот фестивал во Таормина

Речиси сите хотели во Таормина се луксузни и со тоа се детерминирани гостите кои летуваат во скапото летувалиште. Во нив, собата (за двајца) по ноќевање чини од најмалку 150 евра, во најобичен хотел со 3 ѕвездички, па нагоре. И речиси сите хотели имаат базени за своите гости со извонреден поглед кон морето кое, иако блиску за око, е прилично далеку. До плажите, меѓу кои најпозната е ботаничката градина Изола Бела, под заштита на УНЕСКО, се стигнува само со жичарница.

врвна гастрономија

врвна гастрономија

Како и во цела Италија, така и на островот, храната е култ. Во некои од бројните ресторани може да се проба прочуениот специјалитет Рикота ( колач со крем од овчо млеко и ликер од бадеми кои растат по падината на Етна и од кои се прават вина и разни колачи), шпагети „а ла норма“, аранчони ( солени портокали за вечера), различни тестенини со сардини како специјалитет на крајот. Но, покрај сите видови на паста треба да се пробаат и морските плодови, артичоките и многу специфичната риба зачинета со билки.

рикота

рикота

Не треба да се заобиколат карактеристичните продавници за јогурт со најразлични вкусови кој се служи како сладолед, но и сладоледот кој го има во неброени видови и чие потекло е токму од Сицилија.

taormina 8

Местото Кастел Мола ( во превод Орлово гнездо) се наоѓа над Таормина, на самиот врв на планината, познато е колку по претставите со орли толку и по најдобриот домашен ликер од бадеми. Од Таормина може лесно да се стигне до главните атракции на Сицилија: планината Етна, древната Сиракуза позната како најстар и некогаш најголем европски град, хаотичното Палермо во кое се отсликува мешавината на културите, но и околните села кои се примамливи заради филмот “Кум“. Така, при престојот сигурно многу повеќе ќе ви недостасува време отколку што би можеле да помислите за миг на здодевност. И како во филмовите, во многу од селата во Сицилија ќе забележите дека жените навистина носат црнина за починатите до крајот на својот живот, па ниту идиличните камени куќички, улички и цркви во ваквите села не можат да го поправат тажниот впечаток.

J.K.

x

Check Also

Зошто е Лапонија најпосакуваната зимска дестинација? Многу причини-затоа!

Гопдинава Финска, поточно Лапонија, стана хит зимска дестинација без разлика дали сте ...