TIP OF THE WEEK® –  македонскиот бренд на чекор до читателите од целиот свет

Првaта македонска книга на Kickstarter

 

Кампањата за финансирање на интернационалното издание на книгата TIP OF THE WEEK® вчера официјално беше лансирана на „crowdfunding“ платформата Kickstarter. Тимот кој што интензивно работи на кампањата периодов има за цел да собере 8.000 долари за еден месец кои се потребни за издавање на книгата на интернационално ниво. Изданието на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.

Заинтересираните индивидуалци и компании, можат да го поддржат овој проект со минимален износ или да бираат помеѓу понудените пакети во коишто се вклучени дигитални изданија на книгата, потпишани изданија, интерактивни картички и многу други изненадувања, во зависност од висината на влогот.

„После одличната прифатеност на Tip of the Week® Прирачниците во регионот, навистина сме среќни што преку проектот на Kickstarter  ќе можеме да допреме и до многу поширока читателска публика од светот и да презентираме уникатна перспектива на успешно работење на професионалци од Балканот. Поддршката од Македонија, регионот и дијаспората ни е навистина важна за да успееме да го позиционираме Tip of the Week® „рамо до рамо“ со светските имиња од оваа сцена. Затоа, секој којшто сака да  го поддржи овој проект и со минимален износ од еден долар, може да го направи тоа на следниов ЛИНК.“ велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Tip of the week® е првата книга од Македонија на глобалната платформа Kickstarter на која успешно се финансирани околу 135.000 проекти од целиот свет.

Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачници за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а од оваа година и во Хрватска. Прирачниците до сега се издадени на три јазици и продадени во тираж повеќе од 20.000 копии.

x

Check Also

Отворен повик за постипломски студии по економија и бизнис – Менаџмент и организација (Меѓународна бизнис академија) на Економски факултет – Љубљана, во Скопје  

  Вратите на животните можности кои што имаат потенцијал да променат сè ...