А кој кого копира?

„ Манијата останува на сила додека и трае модата, а потоа лесно се заменува со нова, помодерна манија“.

toni dimkovКога половина град, а некогаш и половина држава, носи еден ист модел на парче облека и тоа со иста боја, кога сите носат чевли со иста височина на штиклата, кога едвај можеш да ги распознаеш девојките низ град во петок навечер затоа што сите имаат исти фризури и исто кратки фустани, тоа е модна манија, во буквална смисла.

Никогаш не сум можел да сфатам кој кого копира, но копиите се верни на се, само не на личноста што така се однесува (облекува).

Модна манија е моментална општонародна фиксација за одреден предмет, изглед, па дури и вербална фраза. Манијата останува на сила додека и трае модата, а потоа лесно се заменува со нова, помодерна манија.

Изворите на секој вид манија се насекаде околу нас. Често се случува тоа да е популарна пејачка, актерка, телевизиска серија, но најчесто секоја манија е диктирана од инвентивните, и алчни за профит, креатори на потрошувачкото општество. Не е важно кој е производот – важно е да се продаде во што поголем број примероци. Кога во мода се колективитети, а не индивидуалноста, кога владее површноста наспроти духовната длабочина, тогаш е најлесно да се креира модна манија од секаков вид. И затоа секоја модна манија има краток век.

Тони Димков

x

Check Also

Натни ги тие штикли и, шетај!

Момци, крајно време е да се прегрупираме, да ги збиеме редовите и ...