Топ 10 чоколада со најмногу стил

Имаат најмногу стил, прекрасен дизајн, превкусни се и се разбира, најскапи.

Форест Гамп рече „Животот е како кутија со чоколада, никогаш не знаеш на какво ќе налеташ“. Убавата метафора сепак не важи за следниве 10 чоколада бидејќи нивните имиња се однапред гаранција за префинет стил и вкус и врвен квалитет. Воедно, ова се и најскапите чоколади кои можат да се купат.

cokolada 1

Фабриката за чоколада Восгес со седиште во Чикаго нуди уникатни чоколадни вкусови, а во рецептите за овие чоколада се вклучени и сланината, мексиканското чили, цимет, ѓумбир, црн сусам…Едно мало кутивче чини 60 евра. Сепак, овие чоколатца мора да се пробаат барем еднаш во животот.

цоко

Куао е регион во Венецуела и име на марката за чоколада лоцирана во Калифорнија, но која употребува состојки за производство кои доаѓаат токму оттука. Секое чоколатче е посебно рачно изработено и има уметничка вредност. Карактеристични се по вкусот на какаото вовезено од Венецуела. Килограм чини 79 долари.

цоколада 2

Луксузните чоколатца Пјер Марколини се достапни по цена од 100 евра. Белгискиот производител за изработката употребува какао зрна донесени од Еквадор, Индонезија, Мадагаскар, Мексико и Венецуела. Пјер Марколини нуди огромна понуда на најразлични вкусови.

чоколада 4

Годива чоколатцата чинат 120 евра за килограм. Ова е најлуксузната белгиска марка за чоколада. Особено се славни по специјалната колекција Г која содржи 15 дизајнирани чоколатца од мајсторот Норман Лав.

цоколада 5

Прочуената фабрика за чоколада Ричарт е сместена во Лион, Франција и датира од 1925 година. Од состојките доминира цитрусот и овошјето, а зрната какао се вовезуваат од Хаити, Мадагскар и Венецуела. Специјалната линија Енвол содржи 49 чоколатца кои чинат 120 евра.

цоколада 6

Куќата Грауер, сместена во Швајцарија, нуди чоколада со дизајн на пури во 14 различни вкусови. Мало кутивче од овие чоколадни пури чини 200 евра.

чоколада 6

За безмалку 300 евра може да набавите вкусна чоколада од марката Амадеи Тоскано. Со вкус на шампањ овие луксузни чоколатца се произведуваат во фабриката сместена во Тоскана. И не само што секое чоколатце е рачно изработено, туку такви се и кутивчињата во кои се спакувани. Некои од кутивчињата се карактеристични и по кристалчињата Сваровски.

чоколада 7

Само две малечки чоколатца кои се продаваат во кутивче слично на оние за скапоцени прстени чинат извонредни 508 евра. Хартивчето во кое се завиткани овие скапоцени чоколатца од Де Лафе е позлатено.

цоколада 2

Ле Гран Луј VI е најлускузната линија чоколада произведена од Дебов&Гале и чини дури 900 евра за едно кутивче чоколатца. Компанијата датира од 1800 година и позната е по клиентите од кралските семејства. Специјалитет од оваа куќа се црните чоколатца кои содржат 99 отсто какао.

чоколада 10

Призводителот Кинипшилт од Данска кој со производство на чоколада почна во 1999 година ги нуди најскапите чоколада на светот кој чинат 2.600 евра. Главната состојка се тартуфите. Се поризведуваат само по нарачка.

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...