Топ 11 козметички производи за нега на кожа кои треба да ги имаме (или барем да ги пробаме)

Секојдневно на козметичкиот пазар се појавуваат нови производи за нега на кожа и лице, но некои од нив проверено се фантастични!

Достапни во продажба по пристојни цени, во овие 11 производи „се колнат“ и дерматолозите, а ги користат и славните личности. Можеби не можеме сите да ги имаме дома, при рака, но секако вреди сите да ги пробаме.

Eucerin Advanced Repair Lotion е фаворит кој овозможува природно навлажнување на кожата, ја прави кожата сјајна но не и масна. Благодарение на богатата формула со овој производ кожата добива заштитна бариера од надворешните фактори и останува хидрирана во текот на целиот ден.

Ако сакате да го отстраните мејкапот на најдобар начин, побарајте го производот Neutrogena Ultra Gentle Hydrating Cleanser. Погоден е и за најчувствителната кожа.

 

Се ближат деновите кога ќе бидеме постојано изложени на сонце. А за таквото изложување да биде здраво и за нашата кожа употребете го производот La Roche Posay Mineral SPF 50. Формулата помага да се блокираат UVA и UVB сончевите зраци, а прилагодлив е за сите типови на кожа, особено за сува кожа.

 

 

Две најголеми грешки за кожата се кога не ја отстрануваме шминката пред да одиме во кревет и кога убаво не го чистиме пределот околу очите. Garnier SkinActive Micellar Cleansing Water помага за лесно и длабинко чистење на лицето и отстранување на шминката.

Ова е производ кој често го препорачуваат дерматолозите и тоа не само за жени, туку и за мажи. L’Oréal Paris RevitaLift Bright ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја храни и ја чува здрава и сјајна.

Revlon PhotoReady BB Cream Skin Perfector е лесна крема со голема покривност на сите недостатоци на кожата.

Ако и верувате дека „помалку е повеќе“, избегнете ги сите скапи сапуни за нега на кожа и одлучете се за Dove Beauty Bar. Ја чисти и навлажнува кожата, оставајќи ја свежа и нежна.

Студеното време и сувите простории ужасно ја сушат и уништуваат кожата давајќи и стар изглед. За младешки изглед на кожата, за перфектно навлажнување и хранење – побарајте го производот Avène Cold Cream.

Еден од најдобрите производи за нега, заштита, навлажнување на кожата на лицето, но и за  отстранување и намалување на брчките. Вреди да се проба Neutrogena Hydro Boost Water.

Не мора да „фрлате“ куп пари за да купите луксузен и добар производ за регенерација на кожата, отстранување на брчките и подмладување на лицето. Истите совршени формули ги содржи и овој серум кој ја прави кожата свиленкасто мека и нежна. Olay Regenerist Regenerating Serum. 

Да се држи кожата постојано навлажнета е многу важно. Тоа значи да се одбере вистински навлажнувач за вашиот тип на кожа. Овој навлажнувач е всушност и протектор од сончевите зраци, па се употребува дење. Содржи широк спектар на витамини и минерали, а помага и во длабинско отстранување на брчките.Neutrogena Ageless Intensives Anti-Wrinkle Deep Wrinkle Daily Moisturizer.

x

Check Also

Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity нега против стареење на кожата, за поцврст, посвеж и поблескав ефект

Структурата на кожата се менува како старееме: прво се појавуваат фини линии ...