Топ 5 најдобра храна во борбата против грип и настински

Како да ве заобиколи сезоната на грипови и настинки?

Без разлика дали станува збор за превенција од грип и настинки, или веќе сте настинати, оваа храна значително ќе ви помогне и во лекувањето и во превенцијата.

Масна риба

Туна, скуша, лосос, харинга, сардина. Масната риба изобилува со омега 3 и одлична е за покачување на имунитетот,  број еден борец во борбата против настинките и вирусите. Вклучете свежа риба или конзерва туна во вашето секојдневно мени во текот на студените денови.

grip 2

Лук

Свежиот бел лук изобилува со антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките. Супер ефикасен е и во зајакнување на имунитетот.

Печурки

grip 3

Богати со антиоксиданси, витамини, влакна и калијум оттука и суперефикасни против настинките.

Сончоглед/масло и семки

Еден од најсилните антиоксиданси и најмоќен во заштита на клеточниот ѕид од оштетување од слободните радикали е витаминот Е кој најмногу го има во сончогледовото масло и семки. Оттука дериватите од сончогледот се многу важни како превенција во текот на сезоната на вируси. Витамин Е во одлични количини има и во бадемите, кикиритките и малку помалку во јајцата.

Благ компир

grip 3

Благиот компир е совршен за сочувување на здравјето во текот на зимата. Неговите состојки се претвораат во витамин А кој е клучен за силен имунитет.

Останати намирници кои треба да ги вклучите во редовната исхрана во текот на студените денови и сезоната на вируси се – брокулите, јаболкото, зелениот чај, цитрусното овошје, црвена пиперка, чили, зелка, црн грав, суво овошје, ѓумбир, житарици и  маслиново масло.

 

x

Check Also

И Гугл во борба против загадувањето на воздухот со нова услуга на Google Earth

Нова иницијатива доаѓа од компанијата „Гугл“ овојпат насочена во борбата против загадувањето ...